X
 13.02.2016 Наука

Колкав е капацитетот на меморијата на човечкиот мозок?

Истражувачите од калифорнискиот „Sаlk“ институт  успеале да го пресметаат капацитетот на меморијата на човечкиот мозок преку анализа на потенцијалните синапси, место на контакт помеѓу два неврони, одговорни за складирање на податоците.


Тимот на професорот Тери Сежновски открил дека ако секоја синапса може да складира 4.7 битови (0.5875 бајти) информации, човечкиот мозок би можел да складира 1.000.000.000.000.000 податоци, односно 1 петабајт.

Еден петабајт податоци е еднаков на 13.3 години телевизиски HD снимки, 4.7 милијарди книги или 670 милиони веб страни. Но научниците напоменуваат дека станува збор за теориски капацитет на меморирање, а мозочите „архиви“ се всушност многу помали.

„Ова е особено важно откритие во областа на невронауката. Нашите нови проценки за капацитетот на мозокот се десет пати поголеми од проценките кои досега важеа во научната заедница“, додава американскиот истражувач.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука