X
 13.02.2019 Наука

Ова се најголемите закани за човештвото

Климатските промени се рангирани како најголемата закана за безбедноста во светот, а тероризмот и сајбер-нападите исто така се наоѓаат на врвот на листата според најновото истражување на истражувачкиот центар „Пју“ од Вашингтон.

Во анкетата спроведена во 26 земји, 13 сметаат дека затоплувањето на планетата е број еден закана. Веднаш потоа е заканата од ИД, што осум земји, вклучувајќи ги Русија, Франција, Индонезија и Нигерија, ја оценија како најголема закана. Четири земји, меѓу кои и Јапонија и САД, ги наведоа сајбер-нападите како најитен проблем.

Освен тоа, истражувањето покажа дека во десет земји, околу половина или повеќе од половина од испитаниците тврделе дека моќта на САД претставува голема закана за нивната земја. Во Мексико, 64 отсто од испитаниците го сметале американското влијание за проблематично. Овие грижи биле зголемени по изборот на претседателот Доналд Трамп.

Истражувањето забележува силна поврзаност меѓу перципирањето на Америка како закана и недовербата во американскиот претседател Доналд Трамп. Во 2013 година, кога Барак Обама беше претседател, само четвртина од испитаниците од 22 земји ја сметале американската моќ за опасност, велат од „Пју“.

Исто така, многу земји изразија загриженост за нуклеарната програма на Северна Кореја, но ниту една од 26. земји не ја рангира меѓу првите две закани. Уште помалку земји ја наведоа глобалната економија како главна опасност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука