X
 13.02.2019 Култура

Светот има заеднички морален кодекс - многу повеќе работи што нѐ обединуваат отколку што нѐ делат

Војните, конфликтите и мизеријата што со векови ја опкружуваат цивилизацијата може да ве наведат да мислите дека општеството е трагично дефинирано со постојан судир на непомирливи култури.

Но, не е баш така, покажува новото истражување што открило изненадувачки и оптимистички докази за спротивното: сите култури се всушност обврзани со заеднички морален кодекс на седум различни заеднички правила и однесување.

Врз основа на длабока анализа на над 600 културни записи од 60 општества низ светот - најголемиот примерок досега во ова поле на истражувањето - емпириски постојат многу повеќе работи што нѐ обединуваат отколку што нѐ делат, во однос на моралните вредности.

kodeks
Фото: Unsplash


- Секој насекаде споделува заеднички морален кодекс - вели антропологот Оливер Скот Кари од Универзитетот во Оксфорд.

- Сите се согласуваат дека соработката, промовирањето на општото добро е правилно - додава тој.

Кари и неговите соработници се обидоа да ја истражат теоријата дека моралот еволуирал во човечките култури за промовирање на соработката. За да го направат тоа, тие барале докази за седум дискретни морални однесувања низ 600.000 збора. Овие кооперативни однесувања и правила - предложениот универзален морален кодекс, се следниве: помагање на семејството, помагање на вашата група, храброст, почит кон претпоставените, делење на спорните ресурси (праведност) и почитување на претходно поседување (имотно право).

Тимот открил дека овие седум правила се сметаат за позитивно и морално добро низ различните култури опфатени во истражувањето - тие никогаш не се толкувале како морално лоши. Исто така, мнозинството од овие однесувања биле забележани во повеќето култури, со еднаква фреквенција во различни региони на светот.

- Заклучивме дека овие седум кооперативни однесувања се веродостојни кандидати за универзални морални правила. Моралната соработка би можела да обезбеди унифицирана теорија за моралот што антропологијата досега ја немала - пишуваат авторите во нивниот труд.

Од 962 набљудувања на овие принципи бил забележан еден непријателски исклучок, помеѓу Чук општеството на Микронезија: - Да се украде отворено од другите е восхитувачки затоа што се покажува доминацијата на една личност и покажува дека оваа личност не е исплашена од агресивните овластувања на другите - истакнуваат истражувачите.

Освен тоа, универзалниот код исто така значи дека однесувањето спротивно на кооперативното однесување се смета за морално лошо: запоставување на роднините, предавство на вашата група, кукавичлук, непочитување, неправедност и кражба.

Не секое општество ги рангира или приоретизира овие општествени норми на ист начин, но тие се сметаат за позитивни и се забележани во многу различни општества, што во етиката е познато како морален универзализам.

- Луѓето насекаде се соочуваат со сличен сет на социјални проблеми и користат сличен сет на морални правила за да ги решат - велат научниците.

Во светот што некогаш се смета застрашувачки и полн со поделби, корисно е да се знае дека народите имаат нешто заедничко.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура