X
 13.03.2017 Образование

Зборови во англискиот јазик позајмени од арапскиот

Арапскиот е еден од петте најзборувани јазици во светот со 400 милиони активни корисници на јазикот. Исто така, претставува еден од најантичките јазици со прекрасна пишувана форма.

Познато е неговото влијание врз шпанскиот, меѓутоа ако не сте знаеле, и англискиот јазик позајмил голем дел од зборовите од овој јазик.

1. „Alcohol“ - Алкохол

Еден од најважните зборови во англискиот јазик всушност доаѓа од арапскиот збор „al-kuhl“ што е форма на ајлајнер.

Бидејќи козметиката била направена преку процес на екстракција од минерал, европските хемичари започнале да го нарекуваат алкохол секое нешто што вклучувало екстракција/дестилација.

2. „Algebra“ - Алгебра

Од арапскиот „al-jabr“ кој опишува обединување на скршени делови, терминот доаѓа од 9-от век од математиката.

3. „Artichoke“ - Артишок

Класичниот арапски збор „al-harshafa“ станал „al-karshufa“ во Шпанија каде се зборувал арапскиот.

4. „Candy“ - Лижавче

„Qand“
се однесува на кристализиран сок од шеќерна трска, од каде Американците го извеле зборот „candy“. Оригинално потекнува од санскрит, и бил усвоен во арапскиот преку персискиот јазик.

5. „Coffee“ - Кафе

Арабија оригинално го добила кафето од источна Африка и го нарекува „qahwah“. Потоа во Турција станало „kahve“, во Италија „caffè“ и на крај во Британија како „coffee“.


Фото: Pixabay

6. „Cotton“ - Памук


Растението потекнува од Индија и Централна/Јужна Америка.

7. „Magazine“ - Магазин

Зборот потекнува од арапскиот „makzin“ што значи магацин. Британците го зеле од францускиот збор „magasin“ што значи продавница, кои го зеле од Италијанците од зборот „magazzino“, кои го зеле од арапскиот.

8. „Mattress“ - Душеци


Спиењето на душек всушност било измислено од Арапите, а од арапскиот збор „matrah“ Европејците го презеле зборот и станал „materacium/materatium“ кој подоцна преминал во италијанскиот и англискиот како „mattress“.

9. „Orange“ - Портокал/Портокалева

Оригинално од Јужна и Источна Азија, портокалите биле познати на санскритски како „naranga“. На персиски бил „narang“, а на арапски „naranj“. Арапските трговци го однеле во Шпанија и зборот станал „naranja“, на старо-француски бил „un norenge“, а потоа во новиот француски „une orenge“. Англичаните го зеле од Французите и на тој начин станал „orange“.

10. „Safari“ - Сафари

„Safari“ доаѓа од арапскиот збор „safar“ што значи патување.

11. „Sofa“ - Кауч


Арапскиот збор „suffa“ значел платформа на која луѓето седеле. Зборот поминува преку турскиот јазик и станува „sofa“.

12.„Sugar“ - Шеќер

Арапските трговци го донеле шеќерот во Западна Европа, а го нарекувале „sukkar“.

13. „Zero“ - Нула

Италијанскиот математичар Фибоначи го вовел концептот за нулата кај Европејците во 13-от век. Пораснал во Северна Африка, каде го научил зборот „sifr“, што значи празно или ништо. Го латинизирал во „zephrum“. Бидејќи римските броеви не можеле да изразат нула, тој го позајмил бројот од арапскиот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование