X
 13.03.2017 Живот

Зошто никогаш не треба да жалите за Југославија?

Неодамнешно истражување покажало дека дури 82% од Хрватите жалат за Југославија, а само 6% се изјасниле дека Југославија не треба да се повтори. Но, дали нештата биле така идеални?

Полиција и УДБА

Денес може да кажете што сакате, никој нема да Ви молчи, но нема да имате ни проблеми. Политичката слобода е најголемата предност на ова време за разлика од она што било во Југославија.

Еднопартиски систем

Системот во Југославија всушност беше двопартиски, затоа што едната страна беше на власт, а другата во затвор. Она најстрашното за луѓето кои не се следбеници бил фактот дека немаат алтернатива. Тие што се на власт морате да ги трпите.

ЈНА

Тоа дека една година во војска ќе Ве очеличи е мит. Како што станувате постари сфаќате дека една година од најубавите сте изгубиле таму, затоа што оние што тврдат дека животот почнува од четириесетите не лажат, туку бессрамно лажат. Најдобри се младите години и во тоа нема никакво сомневање.

Пар – непар

На почетокот на осумдесетите Југославија остана без пари за нафта па владееја редукции. Возилата можеа да возат секој втор ден, во зависност од тоа дали табличката за регистрација им завршува на парен или непарен број.

Редови

Тоа денес не постои, но тешко е да се замисли во која мера може да граѓанскиот живот да биде загаден со редовите за кафе, за детергент, за гориво, за намирници за живот. Редовите во продавниците беа последица на нередот во економијата, а нередот во економијата исчезна како последица на нередот во главата на политичарите кои беа слични на денешните, само со иста партиска книшка.

„Топол ветар“

Боривој Сурдиловиќ Шурда, лик од сценаристичката работилница на Синиша Павиќќ е типичен Југословен. Тој е шармантен, лежерен и добродушен човек кој во десет епизоди на „Топол ветар“ трага по сопствениот професионален идентитет. Тој е пример за невозможно расипано уметничко суштество кое не може да направи нипто што го прави среќно.

Ограничување со девизите и електричната енергија

Од државата не можете да изнесене повеќе од неколку стотина марки. Се друго се третираше како прекршок на царинските прописи. Потешкотиите во тоа што повеќето од брендираните марки може да ги купите само надвор, во Трст, Грац итн. Во 1981 секој сед во неделата имало редукција на електричната енергија.  Тие што се родени во седумдесетите пишувале задачи под свеќи, а телевизија не се гледало.

Култот на личноста

Култот на личноста на другарот Тито беше многу развиен. Тој се противеше на христијанската доктрина според која не е мудро да се изградат идоли, особено не на овој свет.

Крадење и корупција

Иако постоеле помалку од денес, имало високо развиени девијации. Југославија беше непазарно општество со многу сиромаштија: институционалната рамка не дозволуваше инстуционално остварување на соништата. Затоа сите прибегнуваа кон вонинституционалните кратенки – врски, вклучување во партии, подмитување итн. Тука е поставен низон, но цврст темел на она што денес нѐ уништува.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот