X
 13.03.2020 Наука

Научниците открија планета на која врне железо

Истражувачите пронашле екстремна, далечна планета и веруваат дека врне железо на неа. На едната страна на планетата преовладува ден, а и температура од 2.400 Целзиусови степени. Тоа придонесува металите на површината да испаруваат.

Но, тој метал што испарува го носат силни ветрови до другата страна на планетата, каде што преовладува ноќта и е многу постудено. Таму пареата од железото се лади и се кондензира во капки железо што потоа паѓаат на површината.

- Може да се каже дека планетата станува дождлива навечер и врне железо - вели Дејвид Еренреих, професор на Универзитетот во Женева, Швајцарија, кој го водел истражувањето што ја пронашло оваа егзотична егзопланета.

Егзопланетата е позната како „WASP-76b“ и е оддалечена 640 светлосни години, во соѕвездието Риби.

Екстремното опкружување се случува бидејќи едната страна на планетата секогаш е насочена кон нејзината „матична ѕвезда“, а од другата „вечерната“ страна има само вечен мрак. Тој ротира околу својата оска додека се движи околу својата ѕвезда.

planeta
Фото: European Southern Observatory/M. Kornmesser

Страната каде што преовладува денот е погодена од илјада пати поголемо зрачење од нејзината ѕвезда отколку што добиваме на Земјата. Топлината ги присилува молекулите да се поделат во атоми и потоа го испушта испарениот метал во атмосферата.

Разликата меѓу двете страни предизвикува ветерот да ја носи железната пареа од жешката страна до студената и да ја испушта како дожд.

Освен различните температури, двете страни имаат различни хемии. Астрономите имале можност да ја видат планетата со помош на инструментот ESPRESSO и да ги забележат различните варијации помеѓу двете страни на планетата.

Извор: The Independent
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука