X
 13.03.2020 Здравје

Западната исхрана нѐ прави поглупави

Таканаречената „западна диета“ или западна исхрана е токму она на што мислите: храна полна со маснотии, шеќер, сол, месо и процесирани производи. Овој вид исхрана се поврзува со дебелината, дијабетесот, високиот крвен притисок, кардиоваскуларните болести, ракот итн.

Ново истражување спроведено на Универзитетот „Меквери“ во Австралија покажува врска помеѓу западната исхрана и интелигенцијата. Научниците работеле со 110 здрави луѓе. Половина од нив почнале да внесуваат здрава храна, а другата половина јаделе нездрава храна. Потоа биле извршени тестирања врз испитаниците за меморија и тест во кој биле прашани колку уживале во храната и дали сакале да јадат повеќе од неа.


Фото: Pixabay

Резултатите покажале дека лицата што јаделе лоша храна сакале повеќе лоша храна, а имале и послаби резултати на тестот по меморија.

Ништо од ова не изненадува бидејќи е познато дека дебелината и дијабетесот се поврзуваат со послабите когнитивни функции, а знаеме и дека поздравите видови храна се поврзуваат со помала појава на депресија. Старата мудрост дека си тоа што јадеш сега станува научно докажан факт.

Извор: Futurism.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје