X
 13.03.2020 Живот

Зошто понекогаш се вработуваат погрешните кандидати?

Замислете дека сте дел од долг процес на вработување и имате одбрано двајца најдобри кандидати за програмерска работа. Во поглед на образование, вештини и достигнувања, кандидатите се еднакви. Иако двајцата имаат слични квалификации, има една разлика. Едниот кандидат е природен, се чини дека е роден за да програмира. Другиот кандидат е посветен и се гледа дека работел напорно за да стигне дотука. Кого би го вработиле?

Според податоците од едно истражување, повеќето работодавци би го одбрале природниот кандидат. Иако сите работодавци велат дека им даваат вредност на мотивацијата, напорната работа и упорноста, тоа понекогаш не е така.


Фото: Pixabay

Во еден експеримент истражувачите им опишале двајца музичари на учесниците. Едниот имал вроден талент, а вториот работел напорно на своите вештини. Учесниците потоа ја слушале нивната мелодија и требало да ја оценат изведбата на секој. Единствената разлика помеѓу двете изведби била приказната за музичарите, а мелодијата не се променила, па учесниците го претпочитале природниот музичар. Ова било резултат и кај учесниците што биле професионални музичари.


Фото: Pixabay

Секако, бизнисот се разликува од музиката. Па истражувачите спровеле уште еден експеримент користејќи претприемачи. Учесниците слушале краток говор за бизнис-предлог од секој од претприемачите и требало да го оценат претставувањето. Учесниците повторно го претпочитале природниот претприемач.

Ова може да биде одговорот на проблемот со многумина што работат напорно, а не успеваат да најдат добра работа.

Автор: Џеф Хејдерн
Извор: inc.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот