X
 13.04.2018 Технологија

Најново од „Џимејл“

Поминаа веќе неколку години од последниот редизајн и „Гугл“ конечно планира да го модернизира Gmail. Најголемите новости се воведување одложување на пристигнатата пошта и офлајн-начин на работа.

Една од новостите е можноста за непосредно пристапување до календарот на „Гугл“ директно од интерфејсот на Gmail, што би можело да ги израдува корисниците на Outlook.


Фото: Pixabay

Освен тоа, се најавува и опција за одложување на поштата за да може таа повторно да се појави во пристигнатата пошта неколку часа или неколку дена подоцна. Ова е многу корисно ако не можете веднаш да одговорите на некоја порака. Ако користите Gmail на iOs или на андроид-телефон, можеби веќе ги користите паметните одговори што наскоро ќе бидат достапни и за десктоп-верзијата.

Исто така, „Гугл“ работи и на новиот начин на складирање на вашите пораки на компјутерот за да можете да ги прегледувате и со офлајн-начин на работа. Со оглед на тоа дека компанијата полека ги исклучува апликациите, „Гугл“ сега ќе ги користи стандардните веб-технологии за да може прегледувачот да ги собира податоците.

Ажурирањето би можело негативно да влијае врз работата на некои популарни дополнителни прегледувачи за Gmail, како Clearbit, Streak и други.

Пробната бета-верзија за пристап до новиот Gmail би требало да биде достапна во следните неколку недели.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија