X
 13.04.2020 Живот

Авионски компании со најмногу одложени и откажани летови

Доколку сакате да го намалите или одбегнете стресот во текот на патувањето со авион, можеби треба да ги одбегнувате следните авионски компании. Едно истражување од 2019 година објавено од „Гет гоинг иншуранс“ открива кои авиокомпании најмногу доцнат и ги откажуваат летовите.

Во истражувањето се користеле податоци за бројот на летови и процентот на одложени или откажани летови. Било пресметано и времетраењето на секое одложување, а биле земени предвид и рејтинзите на агенциите направени од страна на патниците.


Фото: Pixabay

На врвот на листата на светско ниво се наоѓаат две американски авиокомпании, „Фронтиер ерлајнс“ и „Американ ерлајнс“. Од сите летови на „Фронтиер ерлајнс“ околу 1,8% се откажани, а 30,61% се одложени. Просечното доцнење на летовите изнесува 65,6 минути. Рејтингот за задоволни корисници изнесува 3 од најмногу 10 поени.

Најлошата европска авиокомпанија кога станува збор за одложување и откажување летови е шпанската „Вуелинг“, која се најде на третото место на листата. Околу 23,7% од летовите на „Вуелинг“ се одложени, а 1,78% се откажани. Просечното доцнење на летовите изнесува 55,2 минути. Патниците ја оцениле агенцијата со 3 поени од 10 според нивното задоволство од услугите.


Фото: Pixabay

Ова е листата со авиокомпании со најмногу одложени и откажани летови:

1. „Фронтиер ерлајнс“
2. „Американ ерлајнс“
3. „Вуелинг“
4. „Џетстар“
5. „Ер Канада“
6. „ЛОТ Полиш ерлајнс“
7. „Норвиџан“
8. „Џетблу“
9. „Спајсџет“
10. „Авијанка“

Авиокомпании со најмалку одложени и откажани летови:

1. „Џапен ерлајнс“
2. „КЛМ Сити Хопер“
3. „Индиго“
4. „КЛМ Ројал дач ерлајнс“
5. „Азул“
6. „Емирејтс“
7. „Катар ервејс“
8. АНА
9. „Џет ервејс“
10. „Финер“

Автор: Британи Гибсон
Извор: Rd.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот