X
 13.04.2020 Живот

Изработи постер за климатска акција и добиј награда - дизајнирај и инспирирај!

Сега повеќе од кога било е важно да останеме дома за нашето здравје и здравјето на сите околу нас! Да го претвориме предизвикот во можност, да се едуцираме за климатските промени.

#СедиСиДома и изработи постер за климатските промени, повикај на #КлиматскаАкција и стани еден од потенцијалните добитници на бесплатен онлајн-курс за надградба на твоите вештини и знаења.

Конкурсот се спроведува како дел од официјалната кампања „Климата се менува, зошто не и ти“.



Што треба да знаете за конкурсот

Право на учество имаат сите млади лица на возраст до 30 години – или сите што се чувствуваат така : )

Потребно е да се изработи минимум еден постер кој ќе повика на #KлиматскаAкција. Притоа, секој постер треба да го содржи соодветниот хаштаг и/или официјалниот слоган „Климата се менува, зошто не и ти“.

Сите креативни решенија треба да се испратат на е-адреса klimatskipromenimk@gmail.com најдоцна до 23.04.2020 17:00 часот.

Сите пристигнати постери ќе бидат објавени на 24.04.2020 на нашата официјална фејсбук-страна.

Правилата за гласање се едноставни – трите постери со најголем број лајкови ќе бидат добитници на еден месец платено онлајн-учење во износ од 50 УСД, за кој било избран курс од платформата Coursera.

Секој постер што ќе земе учество во конкурсот понатаму ќе стане потенцијален промотивен материјал за потребите на кампањата „Климата се менува, зошто не и ти“.

Не пропуштај ја можноста да се едуцираш со достапните програми на над 200 светски реномирани универзитети. – Почни да ги разгледуваш уште сега, се надеваме дека токму ти ќе станеш еден од среќните добитници!

И најважно, не пропуштај ја можноста да бидеш и ти дел од кампањата за намалување на климатските промени!

Дизајнирај и инспирирај! Да повикаме на #КлиматскаАкција

Да станеме #КлиматскиХерои


* Конкурсот е подготвен во рамките на тековните проекти за климатски промени кои Министерството за животна средина и просторно планирање ги спроведува со техничка и финансиска поддршка на UNDP и GEF

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот