X
 13.04.2020 Здравје

Стоп корона! - Апликација за следење на изложеноста на коронавирус

Сите жители на Македонија што поседуваат паметен телефон сега можат да ја преземат апликацијата StopKorona! која е наменета за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица преку постапка за детекција на блискост на мобилни уреди/апликации преку блутут-технологија. Целта е мобилната апликација да даде брз одговор на здравствените органи со кои лица бил заразениот во близина во изминатите 14 дена.

Апликацијата комуницира преку блутут со другите корисници на апликацијата и разменува енкриптирани, анонимизирани податоци за оддалеченоста на сите уреди што се во ваша близина, на далечина релевантна за ширење на заразата, определено време во текот на изминатите 14 дена. Во случај некој корисник на апликацијата да заболи од вирусот, Министерството за здравство ќе побара корисникот на апликацијата да ја сподели листата со неговите записи во апликацијата, по што надлежните ќе ги детектираат телефонските броеви и ќе ги информираат лицата дека биле во контакт со лице кое е носител на Ковид-19, водејќи сметка за целосна заштита на приватноста.

За активација на апликацијата потребно е да ја преземете, да се регистрирате со внесување на телефонскиот број, да го внесете кодот добиен преку СМС и да вклучувате блутут секогаш кога сте во движење надвор од дома.

ТУКА може да ја преземете апликацијата доколку сте корисник на андроид.

ТУКА може да ја преземете доколку користите iOS.

Важно е да се напомене дека корисниците на андроид треба да ја чуваат апликацијата отворена во заднина за да може да ги скенира уредите во близина, а кај корисниците на iOS потребно е апликацијата да биде вклучена и активна кога се во движење или на состанок и да се сврти уредот со екранот преклопен надолу, за да се активира режим на штедење на батеријата.

Тука можете да прочитате повеќе информации за апликацијата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје