X
 13.04.2022 Живот

Гејтс го предупредил светот за пандемијата уште во 2015, но никој не го слушал

Бил Гејтс одржал говор на конференција ТЕД на која потсетил на говор од 2015 година во која го предупредил светот за опасноста од пандемија. Гејтс додал дека се надева дека кризата со ковид-19 ќе ја поттикне неговата публика да ги слуша неговите совети за да се спречи идна пандемија.

- Кога бев на оваа сцена во 2015 г., бев еден од многутемина што рекоа дека не сме подготвени и треба да се подготвиме. Не се подготвивме. Говорот впрочем беше гледан од многу луѓе, но 90 отсто од прегледите биле предоцна - рекол Гејтс.

Во неговиот говор од 2015 г., Гејтс изјавил дека светот не е подготвен за следната епидемија и вирусите се најголем ризик за глобална катастрофа во споредба со другите закани за човештвото. Видеото од овој говор досега има над 36 милиони прегледи.

- Ако нешто убие над 10 милиони луѓе во следните неколку децении, тоа веројатно ќе биде многу заразен вирус, а не војна. Не ракети, туку микроорганизми - рекол Гејтс во 2015 година.


Досега, како последица од ковид-19 во светот починаа над 6 милиони луѓе. Зборувајќи за ковид-19, Гејтс изјавил дека пандемијата ја зголемила нееднаквоста во поглед на здравјето помеѓу богатите и сиромашните. Тој ги повикал богатите земји заеднички да применат системи кои ќе ја спречат следната пандемија.

- По Втората светска војна направивме многу, ги создадовме Обединетите нации. Досега акцијата е послаба од она што го очекував - рекол Гејтс зборувајќи за активностите кои светските лидери ги презеле по пандемијата на ковид.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот