X
 13.04.2022 Живот

Хотел ги охрабрува гостите да „крадат“ од собите

Веројатно сте биле во ситуација кога сте сакале да земете шампонче или нешто друго од хотелска соба. Еден хотел во Австралија го знае ова.

Хотелот „Принц“ им дозволува на гостите да „крадат“ од нивната соба без да чувствуваат грижа на совест. Во соработка со повеќе локални брендови, хотелот нуди повеќе производи за кои гостите ќе бидат охрабрени да ги земат со себе.


Фото: Pixabay

Станува збор за зделка наречена „Укради го апартманот“, во чии рамки гостите ќе може да земат наметки, торби, чаршафи, керамички вазни, перници, крпи, вино и храна од минибарот. Овие производи се во вредност од околу 2.000 долари. Гостите ќе добијат и дополнителни шампони и средства за хигиена и чоколадо.

Во моментов има достапни соби за ноќевање по цена од 999 долари.

Извор: Luxury launches
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот