X
 13.04.2022 Образование

Научниците откриле кој период од денот е најдобар за учење

Еден заклучок од истражување оди во прилог на будењето подоцна. Научниците направиле анкета на студенти од прва и втора година од универзитети во САД и во Велика Британија и ги анализирале нивните навики за учење додека решавале когнитивни тестови.

Според резултатите, подобро време за учење и повторување е подоцна во денот отколку рано наутро.

Мараја Еванс, вонредна професорка по социологија од Универзитетот во Невада и еден од авторите на истражувањето, вели дека најдобриот период за учење е попладне или навечер, значи многу подоцна од времето на вообичаените предавања.


Фото: Freepik

- Ова особено важи за бруцошите и апсолвентите, треба да им понудиме повеќе попладневни и вечерни предавања во стандардниот курикулум - вели Еванс.

Во истражувањето се покажало дека поголемиот дел од студентите се „ноќни птици“ на кои денот им започнува два часа подоцна отколку на постарите лица.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование