X
 13.05.2019 Живот

Како младите да изберат вистинска професија? Бесплатна консултација в четврток во „Амбрела“ во ГТЦ

Бесплатна консултација за дилемите околу вашата идна професија ќе можете да добиете в четврток во ресторанот „Амбрела“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Презентацијата ќе трае од 18 до 20 часот, а е осмислена како интерактивен настан на кој посетителите ќе имаат можност да поставуваат прашања, да ги кажат своите дилеми и да учествуваат во групната дискусија.

Презентацијата е наменета за сите млади – средношколци, студенти и тазе дипломирани студенти кои се наоѓаат на животна крстосница во врска со кариерниот избор.
- Оваа презентација е отворена и за сите родители и семејства што носат прашања и дилеми како најдобро да го поддржат своето дете во изборот на неговата кариера - велат организаторите.

Бесплатната презентација ќе ја одржат психолозите и лиценцирани психотерапевти Радмила Живановиќ и Ивана Маринчек во рамките на психоедукативната програма „Одмотај го клопчето“ на „Психотерапика“. Настанот се одржува во „Амбрела“, ресторан кој вработува лица со отстапки во развојот. Настаните што се организираат во овој ресторан се поддржани и од Филозофскиот факултет во Скопје.

Повеќе за настанот прочитајте ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот