X
 13.05.2021 Живот

САД мака мачат со непослушни патници - одбиваат да носат маски во авион, ги удираат стјуардесите...

Еден патник на лет на „Џет блу“ од Доминиканската Република до Њујорк одбивал да носи маска за лице, ги фрлил храната и празното шише од алкохол на подот, пцуел и ја удрил стјуардесата, објавила американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА), пренесува „Телеграм“.

Друг патник на лет на „Саутвест ерлајнс“ од Чикаго до Сакраменто, исто така, одбил да носи маска, навредил две стјуардеси и со багажот удрил член на екипажот додека излегувал, изјавиле од компанијата.

На лет на „Алјаска ерлајнс“ патник ги игнорирал повторените предупредувања за носење маски, па авионот морал да се врати назад.

Од ФАА изјавиле дека се зголемува бројот на инциденти во кои непослушни патници ги игнорираат членовите на екипажот и одбиваат да носат маска. Ова се случува и покрај новиот закон со кој носењето маски на комерцијални летови е задолжително, а казната за непочитување изнесува 250 долари. За повторен прекршок казната изнесува 1.500 долари.

Носењето маска на комерцијални летови во САД е задолжително од 1 февруари и требало да биде во сила до 11 мај, но е продолжено до 13 септември. Од ФАА издале наредба за нулта толеранција кон непослушните патници и наместо само да се предупредат и од нив да се бара да одат на советување, прекршителите ќе се соочат со тужба или парична казна до 35.000 долари.


Фото: Freepik

ФАА предложила казни од 9.000 долари до 32.750 долари за патниците што ќе одбијат да носат маска или предизвикале инцидент на споменатите летови што се случиле во јануари и февруари. Патниците може да се жалат на суд.

Во меѓувреме, авионската агенција „Делта ерлајнс“ на својата листа има околу 1.200 патници на кои им е забрането да летаат. На листата на „Фронтиер ерлајнс“ има над 830, „Јунајтед“ брои 750, а „Алјаска ерлајнс“ 542.

ФАА обично спроведува постапки и изрекува парични казни за околу 180 случаи годишно, а оваа година  бројот на инциденти стигнал до 1.300 досега. Зголемувањето на бројот на непослушни патници се јавува и поради зголемената побарувачка за патувања благодарение на вакцинирањето, падот на бројот на новозаразени, попуштањето на мерките за движење и почетокот на летната сезона.

Извор: telegram.hr
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот