X
 13.05.2022 Наука

Оваа карактеристика на лицето може да покаже дека личноста е нарцис

Ново истражување покажува дека постои врска помеѓу специфична црта на лицето и нарцисоидни тенденции, и тоа може да го промени начинот на кој ќе ги гледаме луѓето.

„Журнал оф персоналити“ објави ново истражување од Универзитетот во Торонто кое посочува дека луѓето со „карактеристични веѓи“ имаат поголема веројатност да бидат нарцисоидни.

Како што потврдува истражувањето, нарцисоидните луѓе честопати добиваат високи резултати на спектарот на самољубие.

Иако често покажуваат себично однесување и имаат тенденција да бидат поегоцентрични личности, тие исто така имаат тенденција да изгледаат како пошармантни и подопадливи на почетокот.

Истражувањето се фокусирало на 40 студенти кои биле фотографирани со неутрални изрази на лицето, пред да го полагаат психолошкиот тест за нарцисоидна личност.

narcis
Фото: Freepik

Потоа, нивните слики им биле прикажани на луѓе од кои било побарано да погодат кои личности од сликите се нарцисоидни врз основа на изгледот. Било откриено дека дебелината и густината на веѓите се значајни кога станува збор за проценување на нарцисоидните тенденции на студентите.

Во истражувањето се вели дека карактеристичните веѓи може да ја откријат нарцисоидната природа на една личност.

Иако истражувањето не сугерираше дали густите веѓи навистина ги прават луѓето понарцисоидни, се тврди дека врската била јасна.

- Поединците што пријавуваат високи нивоа на нарцизам носат помодерна, стилска и скапа облека; тие имаат поуреден, поорганизиран изглед и се попривлечни - вели авторот на истражувањето.

Извор: indy100.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука