X
 13.06.2018 Живот

Анализирани потписите на Трамп и на Ким Јонг-ун - што тие кажуваат за нив?

Сите очи се свртени кон историскиот самит во Сингапур, така што се обрнува внимание на секој детал.

Така, на „Твитер“ почна да се шири и да се коментира сликата со договорот и потписите на двајцата лидери. Од левата страна се наоѓа потписот на Трамп, чии букви се големи, смели, мазни и црни. Од десната страна стои потписот на Ким Јонг-ун, чии букви се ретки, расеани и со многу простор меѓу нив.

tramp
Фото: Twitter


Како што експертите за тело го толкуваат секој потег на двајцата лидери, ракувањата и погледите, корисниците на „Твитер“ се претворија во експерти за ракопис и почнаа да ги толкуваат нивните букви.

- Изгледа како да лансира мали ракети - пишува еден корисник за потписот на Ким, додека други го споредија со проектили што паѓале.

Други пишуваат дека потписот на Ким изгледа како ракета, а потписот на Трамп како митинг на клан.

Некои од нив ги анализираа и психолошки.

- Потписите што е тешко да се дешифрираат укажуваат на тоа дека лицето е приватно и тешко може да се сфати. Потписот на Трамп е одличен пример - пишува еден твитер-корисник.

- Ракописот на Ким Јонг-ун е навален, со насока нагоре, за која експертите велат дека укажува на извонредна самоцентрична личност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот