X
 13.06.2020 Живот

Најдобрите фотографии од натпреварот „ХИПА“: Победник е фотографија од кит што спие покрај своето младенче

Вода - ова беше темата на годинашниот фотонатпревар „ХИПА“. Наградите беа објавени на 7 јуни, а големата награда вредна 120.000 долари отиде во рацете на Јасмин Кери од Австралија за нејзината прекрасна фотографија од кит-мајка како спие покрај нејзиното младенче.

- Кога облаците почнаа да излегуваат, навистина ја омекнаа светлината и расположението во водата. Животните како да беа свесни за нашето присуство, но не дозволија тоа да ја спречи нивната врска. Гледајќи ја сцената, знаев дека е магична и се надевав дека успешно ќе ја доловам - изјави Кери.

- Близината до китовите е прекрасно искуство. Да се види животно со големина на автобус е признание за твоето постоење и љубопитноста во тебе. Сите емоции еруптираат одеднаш, а сепак се чувствуваш како да си се „исчистил“ од сите животни проблеми, тежината на твојата душа се топи - додаде таа.

Погледнете ги и другите фотопобедници.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Bored Panda
Фото: JasmineCarey.com | Facebook  | HIPA.ae
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот