X
 13.07.2020 Образование

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува бесплатни онлајн летни курсеви по кинески јазик на почетно ниво

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира бесплатни онлајн летни курсеви по кинески јазик на почетно ниво. Летните курсеви се планирани за две групи, една за деца и младинци до 18 години и една за возрасни над 18 години. Курсевите ќе траат 5 недели, почнувајќи од 16.7.2020 година (четврток). Часовите ќе се одржуваат од страна на наставниците на Институтот „Конфуциј“, кои се од НР Кина, и наставата ќе се одвива на англиски јазик. Високо обучените наставници ќе користат најнови методи, со цел курсистите брзо и квалитетно да ги усвојат основите на кинескиот јазик. Вкупно ќе се одржат 20 училишни часа на платформата ZOOM, односно двапати неделно, во четврток и во понеделник, по два училишни часа. Пријавувањето трае до 15.7.2020 година (среда), до 13:00 ч., на е-адресата на Институтот „Конфуциј“: ci.mk@ukim.edu.mk.  Во пријавата треба да се наведе: име, презиме, возраст, занимање, e-адреса и број на мобилен телефон за контакт.

1

3

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е единствениот од овој вид во нашата земја, а главна дејност му е одржување настава по кинески јазик, промовирање на традиционалната кинеска култура и вештини и културната размена. Од основањето во септември 2013 година над 1.500 курсисти од сите возрасти ги посетувале курсевите по кинески јазик што ги организира Институтот за сите нивоа на познавање на јазикот. Во рамките на Институтот функционира лиценцираниот Центар за одржување на стандардизирани испити по кинески јазик (HSK). Со успешно положување на еден од овие стандардизирани испити се стекнува меѓународно признат сертификат за познавање на кинескиот јазик. Овој сертификат е предуслов за добивање стипендии за студирање на реномирани универзитети во НР Кина, кариера во кинески и мултинационални компании и меѓународни организации.

2

4

Секоја година Институтот организира национални квалификации за Меѓународниот натпревар по кинески „Кинески мост“, со што им овозможува на курсистите да го тестираат своето познавање на кинескиот јазик и да се стекнат со можност да ја претставуваат нашата земја на овој престижен натпревар кој се одржува во НР Кина. Институтот „Конфуциј“, исто така, организира културни настани, па така секоја година се одбележуваат кинеската Нова година или Празникот на пролетта, Празникот на змејовидните чунови, Дуанву, Средината на есента итн. Редовно се организираат промоции на церемонијата на пиење кинески чај и кинеска калиграфија. Сите овие активности се со цел да ѝ се приближат и претстават на нашата јавност кинеската традиционална култура и уметности.

Повеќе информации за Институтот „Конфуциј“, курсевите и културните активности и настани можете да најдете на нашата веб-страница и Фејсбук: Институт „Конфуциј“.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование