X
 13.09.2018 Наука

Проект за повеќе дожд и зеленило во Сахара

Станува збор за најголемата жешка пустина во светот: пустината Сахара, експлозивен пејзаж од песок, топлина и смртоносна сувост што постојано расте. Поради условите, голем број енергетски проекти веќе се обидуваат да го искористат огромниот сончев потенцијал на Сахара.

Но, новото истражување покажува неверојатен ефект: сончеви и ветерни фарми што може да донесат дожд и зеленило во пустината.

- Откривме дека големите инсталации на сончеви и ветерни фарми може да донесат повеќе врнежи и да го промовираат растот на вегетацијата во овие регион. Зголемувањето на врнежите е последица на сложените интеракции на атмосферата и копното што се случуваат бидејќи соларните панели и турбините на ветерот создаваат посурови и потемни земјини површини - вели еден од истражувачите, атмосферскиот научник Еугенија Калнај од Универзитетот во Мериленд.

sahara
Фото: iStock


Научниците веќе знаеја дека ветерните и соларните фарми локализирале ефекти врз нешта како топлина и влажност во регионите каде што се инсталирани, но никој не знаел како овие ефекти ќе реагираат ако би бил изграден огромен комплекс за обновлива енергија во пустината Сахара.

Причините поради кои Сахара е пожелна за вакво нешто се многубројни. Пустината има одлично природно снабдување со сончева и ветерна енергија, ретко е населена, а пејзажот не е широко користен за други работи што им се потребни на луѓето, како земјоделство.

Плус, заедно со поблагиот, преоден регион Сахел до јужниот дел на пустината, Сахара се наоѓа блиску до Европа и Блискиот Исток - кои имаат огромни енергетски потреби - и секако во Супсахарска Африка, чии енергетски потреби ќе растат во иднина.

- Резултатите од нашиот модел покажуваат дека големите сончеви и ветерни фарми во Сахара повеќе од двојно ќе ги зголемат врнежите, а најзначајното зголемување ќе се јави во Сахел, каде што големината на врнежите ќе биде меѓу 200 и 500 милиметри годишно - вели првиот автор на истражувањето, Јан Ли, кој го започнал истражувањето во Мериленд.

- Како резултат на тоа, дел од вегетациската покривка ќе се зголеми за околу 20 отсто.

Не би било лесно да се изгради ваква хипотетичка инфраструктура - сепак, станува збор за соларна фарма со приближна големина на Кина или САД. Но, ако успее, не само што ќе се започне со постепено озеленување на Сахара, туку и луѓето ќе се ослободат од зависноста од фосилни горива.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука