X
 13.10.2018 Здравје

Што ќе му се случи на телото ако после вечера прошетате само 15 минути?

Експертите секогаш напоменуваат дека после јадење не треба веднаш да легнеме. Всушност, најдобро би било, после оброкот да одите на кратка прошетка, а одењето е посебно корисно ако го практикувате после вечерата.

Веќе долго време слушаме дека лесната прошетка после јадење е една од најдобрите работи што можете да ги направите за вашето здравје, но понекогаш се чини неизводливо бидејќи наутро брзаме за на работа, а паузата за ручек не ни стигнува за да одиме и да се прошетаме. Културата на прошетка по јадењето е особено популарна кај Италијанците, кои веќе со векови се запознаени со придобивката за општата здравствена состојба и дигестивниот систем.

Едно истражување покажа дека одењето после оброкот е корисно и за спречување на дијабетес тип 2. Во истражувањето учествувале постари луѓе кои после јадењето 15 минути оделе на движечка лента, што влијаело на помалку осцилации на шеќерот во крвта во наредните часа. Понатаму, истражувањето открило дека кратките прошетки по вечерата се уште покорисни во намалувањето на нивото на шеќер во крвта отколу 45-минутната прошетка во попладневните часови или подоцна попладне. Овие сознанија секако одат во прилог на многу кои во текот на денот не стигнуваат да прошетаат по јадењето бидејќи навечер е полесно да се најде време.

Многу луѓе најголемиот оброк го јадат навечер и најчесто веднаш по оброкот седнуваат или легнуваат, а како резултат на тоа може да има зголемување на глукозата во крвта што може да трае со часови, вели лидерот на истражувањето Лорета Ди Пиетро, професорка по наука за вежбање на Милкен институтот за јавно здравје при Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Што точно се случува во телото кога пешачиме после јадење?

Мускулите што ги користиме за одење користат глукоза за енергија и така ја „извлекуваат“ од циркулација и на тој начин ја намалуваат количината на глукоза што останува во крвта. Затоа, најдобро е по вечерата е да станете од столот и да започнете да се движите.

Со понатамошно набљудување, истражувачите откриле дека пешачењето после јадење е многу поефективно отколку пешачењето пред јадење кога станува збор за одржување на здраво ниво на шеќер во крвта. Понатамошните истражувања покажале дека и пешачењето го забрзува времето потребно за процесирање на храната.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје