X
 13.10.2018 Живот

Што никогаш не прават самоуверените луѓе?

Луѓето со висока самодоверба знаат што сакаат и јасно ги дефинираат своите вредности. Кон што се склони ваквите луѓе, а кон што не се? Како ќе ги препознаете? Прочитајте во продолжение.

1. Не веруваат дека вредат помалку од другите


Тие се борат за своите цели и неостварените желби. Уживаат во животот следејќи ги своите соништа.

2. Не се плашат од сопствените сомнежи

Го слушаат својот внатрешен глас што како компас ги тера да се потрудат повеќе, да се одморат или да се откажат ако ситуацијата е сложена и неприфатлива.

samouveren
Фото: Shutterstock


3. Не се двоумат премногу

За некои се брзоплети. Тие не се оптеретуваат со прашањето: „Што ако нешто се искомплицира? Ако ситуацијата се влоши, подготвени се да ја променат стратегијата.

4. Не чекаат „големи“ акции

Самоуверените луѓе со мали чекори се обидуваат да дојдат до зададената цел. Тие преку мали чекори доаѓаат до резултати.

5. Не се арогантни

Освен што не се арогантни. Напротив, особено се снаодливи и ги бранат своите ставови во безброј животни ситуации.

6. Не стравуваат од повратни информации или конфликти


Самоуверените луѓе се во состојба да прифатат различно мислење и притоа да не се чувствуваат нападнато. Тие знаат да го прифатат туѓото мислење, па дури и да постигнат компромис.

7. Не се плашат од неуспех

Тие подготвени за пораз и добивка. Можат да ги препознаат своите лоши и добри денови, а подготвеени се во секој момент на нови животни можности и предизвици.

8. Не се оптеретуваат со перфекционизам


За нив совршенството е форма на неправилно размислување што моментално ја нагризува самодовербата.

9. Не веруваат во она што другите ги советуваат

Свесни се за своите лоши особини. Во состојба се да вложат напор за да ги променат лошите особини. Но, не се од оние луѓе кои веднаш ќе одат во фризерски салон бидејќи најдобрата пријателка им рекла дека имаат ужасна боја на косата.

10. Не се плашат од нови ситуации

За нив неуспехот и грешките се само чекори што доведуваат до личен раст и развој.

11. Не се насочуваат само на себе

Можеби се чини контрадикторно, но кога имате повисока самодоверба, помалку сте насочени кон себе. Тие никогаш не помислуваат: -Сите гледаат. Сите мислат дека изгледам неодоливо и дека звучам неверојатно глупаво.

12. Не им дозволуваат на другите да им ги одредуваат целите и соништата

Културата, традицијата и нормите ги дефинираат стандардите за успех и неуспех. Самоуверените луѓе во ммоментот кога ќе им се понуди нешто кое за другите има вредност и значење, може и знаат да одговорат: -Фала, ова не е за мене.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот