X
 13.10.2018 Живот

Во Србија: Помлади од 16 години да не смеат да излегуваат по 22 часот

Советот на родителите на учениците од основните и средните училишта во Нови Сад, Србија, го поддржа предлогот на Координативното тело за борба против насилство во училиштата на учениците помлади од 16 години да им се забрани без придружба од полнолетно лице кое одговара за нив да бидат надвор од домот по 22 часот преку зима и по полноќ во текот на летото.

Советот го поддржа и предлогот на малолетниците да им се забрани влез во угостителските објекти по 22 часот.

Родителите ги поддржале мерките за борба против наркоманија и алкохолизам кај младите по „исландски модел“, предложен од Координативното тело за борба против насилство во основните и средните училишта во Нови Сад.

- Апелираме до Градот да ги усвои предложените мерки и детално да ги разработи, при што посебно треба да се води сметка на децата прво да им се понуди алтернатива - стои во соопштението на советот на родители.

Така, родителите предлагаат училиштата да имаат обврска да обезбедат бесплатно занимавање со спорт за учениците од сите возрасти, задолжителни натпревари во сите спортски дисциплини меѓу училиштата, да организираат активности надвор од наставата во вид на работилници, дел од наставата да ја изведуваат во природа и да организираат обука на родителите за проблемите со наркоманијата и алкохолизмот.

Советот на родители побарал од градските власти и обезбедување на колективни посети на музеите и другите културни институции.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот