X
 13.10.2022 Култура

Живот на шпански начин што ги збунува туристите

Шпанија е разновидна земја, па пред да одлучите каде да патувате, размислете што сакате да доживеете. Добро е да се знае дека Кордоба и Севилја се најтоплите градови со просечна летна температура од околу 36 степени. Во Мадрид можете да го видите најголемиот спој на култури, кујни и обичаи.

Северот на Шпанија има прекрасна природа со многу зеленило, а на југ ќе ве пречекаат палми и делови од земјата кои ќе ве потсетат на северот на Африка поради силното влијание на мавританската култура.

Работно време


Типичните маркети и продавници во помалите градови почнуваат со работа околу девет часот наутро, а потоа се затвораат од 14 до 17 часот и продолжуваат со работа до 20 часот. Тие често не работат во сабота попладне или во недела. Во центрите на поголемите градови супермаркетите се отворени во текот на денот. Тапас-баровите обично се отворени од пладне до 16 часот за ручек и од 20 часот за вечера. Рестораните се отвораат подоцна, често дури околу 21 часот.

Каде да се јаде?


Во Шпанија појадокот е едноставен, лесен оброк. Во Мадрид може да биде нешто слатко, како чурос со кафе или топло чоколадо, Каталонците често јадат тост со домати и лук, а на југ лебот ќе го премачкаат со намаз од месо. Времето за ручек е обично од 14:00 до 16:00 часот и тогаш често ќе најдете дневни менија од три јадења и чаша вино по добра цена. На југ времето за вечера се протега до 22:30 часот, а се јаде лесна храна. Ако сакате да најдете вкусна паела, веројатно ќе треба малку да се помачите - освен ако не патувате во Валенсија, каде што е национално јадење. Исто така, чурос не се јаде за десерт, туку за појадок, па затоа се најдобри наутро.

spanija
Фото: Freepik

Тапаси

Предјадењата се незаменлив дел од шпанската гастрономија, а сличен е концептот и кога се јаде мезе на Балканот, односно храна како придружба со пијалакот. Најдобар начин да ги разберете предјадењата е да уживате во нив. Наместо да нарачате еден куп предјадења одеднаш, можете да пробате неколку различни барови.

Бакшиш

Во баровите и рестораните се претпочита да оставите бакшиш, но не мора да биде голем. Ако пиете само кафе или ако потрошите неколку евра, не треба да оставате бакшиш поголем од околу 10 центи. За ручек или вечера за која ги плаќате околу 30 евра, можете да оставите две или три евра, во зависност од сметката.

Сиеста

Повеќето луѓе што работат во канцеларија немаат попладневен одмор, но кога се на одмор, веројатно ќе дремнат во текот на денот по ручекот, особено ако надвор е топло. Многумина претпоставуваат дека сиеста е времето од 14:00 до 17:00 часот кога продавниците се затворени, но тоа е само дел од денот кога Шпанците одат на ручек или да извршат некакви обврски. Сиеста значи брза дремка, 20 до 30-минутен сон. Со подолго спиење, ризикувате да се разбудите во лошо расположение.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура