X
 13.11.2018 Живот

Сателитски снимки ги открија тајните бази на Северна Кореја

Постојат докази дека Северна Кореја ја унапредува својата нуклеарна програма и покрај ветувањата дека ќе ги затвори воените локалитети, со најмалку 13 откриени ракетни бази.

Истражувањето од истражувачки центар во Вашингтон открива дека тврдењето на Доналд Трамп дека помогнал во започнувањето на процесот на денуклеаризација е неточно. На местата, откриени со користење сателитски снимки, може да се развие оружје од балистички проектили со краток дострел до интерконтинентални балистички ракети.

Ким Јонг-ун можеби поседува околу 20 непријавени бази за ракетен систем низ целата земја, и покрај тоа што вети дека ќе преземе чекори за денуклеаризација.

1
Фото: CSIS


Расклопувањето започнало, а потоа се одолжило, па новите слики покажуваат дека е во тек сериозен проект. Северна Кореја и понатаму има подобрувања во други бази. Земјата не презеде ниеден чекор кон денуклеаризација преку давање листа со постојните локации.

Прашањето за тоа колку бази постојат во Северна Кореја е предмет на шпекулации со децении. Додека ракетите може да бидат лансирани од базите во итен случај, тие не се места за лансирање. Корејската народна армија типично ќе ги помести ракетните лансери од базите на специјални локации за лансирање. Ова ќе ѝ овозможи на Северна Кореја да нанесе голема штета, дури и ако проектилите биле само вооружени со конвенцијални наместо со нуклеарни боеви глави.

2
Фото: CSIS


Извештајот е засрамувачки за американскиот претседател, кој се пофали дека на самитот имаше огромно дипломатско постигнување.

Во септември, и јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин објави дека тој и Ким се согласиле на процес за целосно денуклеаризирање на Корејскиот Полуостров во чекор кон мир.

„Њујорк тајмс“ соопшти дека овие докази покажуваат дека Северна Кореја е виновна за голема измама.

Базите во Северна Кореја имаат тенденција да бидат мали и често се наоѓаат во планинските региони, расфрлани низ тесни долини. Обично се состојат од мрежа од подземни објекти за сместување единици за транспорт на лансери, попис на боеви глави и проектили и друга техничка поддршка и опрема.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот