X
 13.11.2020 Образование

Ова се најбогатите универзитети во светот

Кога го одбираат факултетот, на многу студенти им се важни репутацијата на образовната институција и квалитетот на образованието што го нуди. Важни се и школарината и локацијата. Богатите универзитети низ светот може да дозволат напредна опрема и подобри можности за студентите, меѓу другото.

Во САД, универзитетите работат со помош на донации, освен школарините од студентите. Овие донации надминуваат милијарди долари за најдобрите универзитети, па затоа 5. најбогати универзитети во светот се токму од оваа земја.

Универзитет „Харвард“ - донации од 36 милијарди долари

Овој универзитет е најбогатиот во светот. Освен донациите, универзитетот има една од најголемите библиотеки и еден од најголемите музеи во светот. Во музејот има дури 28 милиони артефакти.


Фото: „Харвард“/Pixabay

Универзитет „Јејл“ - донации од 29,4 милијарди долари

Универзитетот има буџет за истражувања од 881 милион долари. Тој е една од најстарите високообразовни институции во САД.

Универзитет во Тексас - донации од 26,5 милијарди долари

На универзитетот има шест здравствени установи и осум колеџи. Тој се смета за водечка институција во областа на истражувањата за ракот.

Универзитетот „Стенфорд“ - донации од 26,5 милијарди долари

Универзитетот го има еден од најубавите кампуси сместен во Силицумската долина. Околу 17.000 студенти студираат на универзитетот секоја година.

Универзитет „Принстон“ - донации од 23,8 милијарди долари

Ова е еден од најстарите универзитети во САД. Редовниот буџет за истражувања на универзитетот изнесува 305 милиони долари. Освен тоа, универзитетот има познат уметнички музеј со над 10.000 уметнички дела. Алберт Ајнштајн некогаш работел во лабораториите на универзитетот.

Извор: luxatic.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование