X
 13.11.2021 Живот

Брус Ли: „Грешките секогаш може да се простат ако човек има храброст да ги признае“

Брус Ли е познат актер, мајстор во борачки вештини, филозоф, режисер, културна икона и еден од највлијателните борци на 20 век.

Неговите филмови ги издигнаа традиционалните филмови со борачки вештини на ново ниво на популарност и предизвикаа голем интерес за кинеските борачки вештини во текот на 70-тите години.

Освен што е добро познат како борец и актер, Брус Ли студирал драма и филозофија на Универзитетот во Вашингтон. Неговите книги за борачки вештини се познати и по тоа што во нив има филозофски тврдења. Ова се некои од неговите најпознати мисли и изреки:

- Секогаш учам нешто, а тоа е: секогаш биди тоа што си. Изрази се, имај верба во себе. Не оди во потрага по успешна личност за да ја копираш.

- Биди без форма, без облик, како вода. Ставаш вода во чаша, таа станува чаша. Ставаш вода во шише, водата станува шише. Ставаш вода во чајник, таа станува чајник. Сега водата може да тече, или да лази или да капе или да се судира! Биди вода, пријателе.

- Користете го само она што функционира, и земете го од каде било.

- Не негирајте го класичниот пристап, едноставно како реакција, или ќе создадете уште една шема и ќе се заробите таму.

- Брзиот темперамент многу брзо ќе ве направи будали.

- Не е важно секојдневното зголемување, туку секојдневното намалување. Отстранете го небитното.

- Сите видови знаење на крајот водат кон самоспознание.

- Знаењето ќе ви даде моќ, но карактерот ќе ви даде почит.

- Не се родив на овој свет за да ги исполнам твоите очекувања и ти не се роди на овој свет за да ги исполниш моите.

- Грешките секогаш може да се простат ако човек има храброст да ги признае.

- Најтврдото дрво најлесно пука, додека бамбусот или врбата преживуваат свиткувајќи се на ветрот.

Извор: Brainyquote.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот