X
 13.12.2016 Живот

Бил Гејтс: „Не споредувајте се со никој во светот. Ако се споредувате, се навредувате себеси“

Вилијам Бил Хенри Гејтс е ко-основач и претседател на светски познатата компанија „Мајкрософт“, која ја основал со својот пријател Пол Ален.

Гејтс е филантроп, компјутерски програмер, пронаоѓач и инвеститор. Во продолжение ви ги нудиме најдобрите мисли токму од овој магнат.

„Паѓав на некои предмети на испитите, но мојот пријател ги положи сите. Денес тој е инженер во „Мајкрософт“, а јас сум сопственикот на оваа компанија“.

„Не споредувајте се со никој во светот. Ако се споредувате, се навредувате себеси“.

„Избирам мрзелива личност за да изврши одредена работа. Затоа што мрзеливата личност ќе пронајде полесен начин“.

„Пред вие да се родите, вашите родители не беа толку досадни како што се сега. Станаа такви од плаќање на вашите сметки, чистење на вашите алишта и слушајќи ве вас како велите дека сте одлични. Така што, пред да ја спасите прашумата од паразитите на генерацијата на вашите родители, обидете се да се ослободите од паразитите од плакарот во вашата соба“.

„Успехот е лош наставник. Ги заведува паметните луѓе и ги тера да мислат дека не можат да изгубат“.

„Ако не можете да направите нешто добро, барем направете да изгледа добро“.

„Трпението е клучен елемент кај успехот“.

„Животот не е фер - навикнете се на тоа!“

„Ако сте родени сиромашни, тогаш тоа не е ваша грешка, но ако заминете од овој свет сиромашни, тогаш тоа е ваша грешка“.

 
„Сфаќам зошто сакате да имате милион долари... но еднаш откако ќе го поминете тоа, морам да ви кажам, хамбургерот има ист вкус“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот