X
 13.12.2019 Култура

Ако секој човек се занимава со својата работа, Земјата побрзо ќе се движи, мудрости од „Алиса во Земјата на чудата“

Книгата „Алиса во Земјата на чудата“ е идеална за сите што се изгубени во минатото и иднината, несвесни за моментите во кои живеат и можностите што ги имаат. Прочитајте неколку мудри цитати што како возрасни ќе ги сфатите на сосема поинаков начин.

1. Ако секој човек се занимава со својата работа, Земјата побрзо ќе се движи.

2. Утре никогаш не е денес. Дали е можно да се пробудиш наутро и да кажеш: - Па, сега конечно е утре?“

3. Малку луѓе го наоѓаат излезот, некои не го гледаат дури и ако го најдат, а многу дури и не го бараат.

4. Сериозен став кон што било на овој свет е фатална грешка. Дали животот е сериозен? Да, животот е сериозен, но не навистина.

5. Најдобриот начин да објасните е тоа да го направите сам.

6. Каде можам да најдам некој нормален? - Никаде. Не постои нормален. На крајот на краиштата, сите се различни. А тоа, според мене, е нормално.

алиса

7. Размислете дека само поради некои работи можете толку да се намалите, па да станете ништо.

8. Без оглед колку се обидуваше, не можеше да ја најде својата смисла тука, иако сите зборови ѝ беа јасни.

9. - Што сакаш? - Сакам да го убијам времето. - Времето не сака да биде убиено.

10. Секогаш даваше добар совет иако често не ги употребуваше.

11. Сè што е кажано трипати станува вистина.

12. Десет ноќи - десетпати потопло од една. И десетпати постудено.

13. - Можете да ми кажете, ве молам, кон кој пат да тргнам оттука? - рече Алиса. - Тоа многу зависи од тоа каде сакаш да стигнеш - рече Мачката. - Не ми е грижа каде ќе стигнам - рече Алиса. - Тогаш не е важно кој пат ќе го избереш - рече Мачката.

14. Ако сè на светот е бесмислено, што ве спречува да направите  каква било смисла?

15. Никој, никогаш не постигнал ништо со солзи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура