X
 13.12.2022 Забава

Победниците од натпреварот „Најкомична фотографија од дивиот свет“ ја покажуваат урнебесната страна на природата

Објавени се победниците на натпреварот „Најкомична фотографија од дивиот свет“ за 2022 година. Како што очекувате, сликите се урнебесно неодоливи и прекрасни.

Џенифер Хедли, американски фотограф на диви животни, е прогласена за генерален победник со нејзината шармантна фотографија од лавче кое несмасно се обидува да се симне од дрво.

Хедли беше воодушевена што нејзината фотографија беше избрана од 5.000 други слики од 85 земји.

- Мислам дека дел од она што го прави овој натпревар одличен е тоа што повеќето од овие фотографии веројатно се случуваат сосема случајно и тоа секако беше случај со младенчето лав кое падна од дрвото - вели таа.

Другите победници и победничката фотографија можете да ги погледнете во

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Comedywildlifephoto.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава