X
 14.01.2019 Живот

Најпаметните земји во светот

Сигурно некогаш сте се запрашале која земја е најинтелигентна во светот? Благодарение на едно ново истражување, конечно имаме прецизен одговор на ова прашање.

Луѓето од веб-страницата „Ваучерклауд“ одлучиле да направат големо истражување за интелигенцијата на земјите низ светот врз основа на три параметри: бројот на освоени Нобелови награди (што ја претставува интелигенцијата низ историјата), просечната IQ-вредност на нацијата (што ја претставува моменталната интелигенција) и резултатите на децата (што би требало да ја претставуваат интелигенцијата во иднина). Врз основа на сите резултати, тие дошле до следната листа со топ-10 најпаметни земји во светот:

svet
Фото: Pexels


1. Јапонија
2. Швајцарија
3. Кина
4. САД
5. Холандија
6. Русија
7. Белгија
8. Велика Британија
9. Канада
10. Јужна Кореја

Најголем број Нобелови награди имаат САД, највисок национален IQ е измерен во Сингапур, каде што и децата на училишните тестови воедно имаат и најдобри резултати. Но, Сингапур не само што не го зазеде првото место, туку се најде на 25. место затоа што имал мал број освоени Нобелови награди. Поради тоа, Јапонија, која е на сите три критериуми на прво место, ја освои првата позиција.

Критичарите на листата би можеле да кажат дека не е сосема фер бидејќи врз освојувањето на Нобеловата награда секако влијае и финансискиот момент, а не само интелигенцијата, што го покажуваат и резултатите на САД - иако се први по бројот на освоени поени, воопшто не се најдоа на листата со 25. земји со највисок IQ-коефициент.

Македонија не беше вклучена во истражувањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот