X
 14.01.2021 Живот

Декласифицираните документи на ЦИА за НЛО сега достапни онлајн

Сите декласифицирани документи на ЦИА за неидентификувани летачки објекти (НЛО) сега се достапни на интернет, по повеќегодишни напори да се овозможи пристап до нив.

Документите се достапни за преземање од базата на податоци „Блек волт“, а во колекцијата има стотици документи во ПДФ-формат. Колекцијата ги содржи сите објавени документи на ЦИА за НЛО на едно место.

Базата на податоци е проект на Џон Гринволд Џуниор, кој со децении преку суд барал од ЦИА да ги објави документите. Гринволд објаснува дека ја водел борбата за документите над 20 години. Тој добил голема кутија со околу две илјади страници кои требало да ги скенира, но на средината од 2020 година ЦИА обезбедила пристап до својата архива од документи за НЛО, вклучувајќи ги и оние што ги барал Гринволд. Сега тие документи се достапни на базата на податоци на Гринволд. 

Во документите има интересни приказни за мистериозни експлозии и контакт со вонземјани. Без разлика дали луѓето веруваат во вонземјани, Гринволд смета дека тие треба да бидат достапни за широката јавност.

- Просто и едноставно, јавноста има право да знае! - вели Гринволд.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот