X
 14.02.2021 Наша тема

Државна матура, фази во реформите на образованието, најдобриот пожарникар, успешни Македонци... Што истражуваваме неделава

Во случај да пропуштивте...
Ви нудиме краток преглед на авторските теми што ги објавивме неделава:

Државната матура – дали е испит на зрелоста и зошто не? Мора да се најде заедничко прифатливо решение. Пред сè, надлежните мора да ги земат предвид сите реални аспекти што упатуваат на потребата од ваквиот формат на полагање матура сега, во вакви услови...

Треба да се носат брзи, но не избрзани одлуки кога се спасува од пожар, вели Никола Мајнов, најдобриот скопски пожарникар: Никола Мајнов, пожарникар спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, е еден од хероите на градот. Прогласен е за најдобар пожарникар за минатата година. Како најтешки интервенции ги издвојува пожарите во кои гореа Министерството за правда и Природно-математичкиот факултет.

Работела како внатрешен ревизор, но решила да се посвети на плетењето плетенки. Трендафилка од Велес импресионирала повеќе од 230 илјади корисници на „Инстаграм“: Трендафилка Кирова е 34-годишна мајка на две дечиња, синче на возраст од 8 години и ќерка на возраст од 5 години. Таа живее во Велес и е магистер по економија. И сето ова е вообичаен вовед во нечија биографија, но во биографијата на Трендафилка има мал пресврт. Имено, до пред неколку години таа работела како внатрешен ревизор, но тогаш ја открила својата пасија - плетењето плетенки и се решила за чекор кој ретко кој би го направил.

Кои се следните фази за реформирање на основното образование по собраниската расправа? Од БРО објаснуваат дека сега министерката Мила Царовска треба да ја потпише, по што во следна фаза ќе се прават нови наставни програми, за потоа да се организираат обуки за наставниците, а и да се распишат огласи за изработка на нови материјали за учење (прирачници, учебници). Сето ова за од следната учебна година, од септември, првачињата и четвртоодделенците да учат по нови методи и програми.

Братот и сестрата пијанисти Горјан и Горјана Стојановски од Битола наградени на светскиот натпревар во Малезија
Горјана и Горјан Стојановски се уште двајца Македонци, покрај прилепчанецот Леонардо Димоски, кои успеаја да освојат високи втори места во нивната категорија на светскиот онлајн-натпревар „Persatuan Chopin Malaysia“ што неодамна се одржа во Малезија, во конкуренција од стотици кандидати од пет континенти. За натпреварот се подготвуваа цела година.

Просечната плата расте, а повеќето вработени земаат ниски плати. Како?  Факторите што влијаат врз висината на платите на работниците се продуктивноста на работниците, продуктивноста на претпријатието, што е детерминирано од технолошкото ниво, и општата состојба на пазарот на трудот. Клучот за повисоки плати е: образование, вештини, компетенции и висока работна етика, потенцира универзитетскиот професор Марјан Петрески.

Италијанци сакаат да снимаат документарец за „Донирај компјутер“. Секое дете треба да има исти можности за образование, вели Борче Стаменов
Она што последно ја разбранува јавноста е тоа што неговата величина и шеќерна приказна ќе добие и филмска верзија. Во најава е снимање на документарен филм во италијанска продукција.

Имам среќа што сум жива! Македонка иницира законски промени за редовни гинеколошки прегледи во Англија
Дафина активирала и интернет-петиција и собрала повеќе од 36 илјади потписи. Потребни се 100 илјади потписи за оваа петиција да влезе во англискиот Парламент за да може да се сменат законските регулативи и жените да имаат пристап до повеќе прегледи на државен трошок.

Мице Јанкуловски, уметник и колекционер: Не сум ни сонувал дека ќе држам в рака дело на Пикасо, сега во колекцијата имаме 85 негови дела: Деновиве во Велес е отворена голема самостојна изложба по повод 50-години творештво на Мице Јанкуловски, уметник и колекционер, поставка што во декември беше презентирана и во Националната галерија на Македонија.

Издвојуваме

Наша тема