X
 14.03.2021 Живот

Психолог од „Харвард“ вели дека постојат 8 типа интелигенција. Која доминира кај вас?

Не сме природно вешти во исти работи. Некои се подобри кога станува збор за физичката состојба и имаат подобра координација. Некои почнуваат да зборуваат на рана возраст, додека други се добри со бројки и визуализирани шеми.

Но, повеќето луѓе не го разбираат целосно нивниот опсег на способности и како резултат на тоа, може да завршат одлучувајќи се за погрешна кариера. Или би можеле да уживаат во своите работни места, но се борат да идентификуваат ефективни техники за учење кои ќе им помогнат да напредуваат.

Теоријата за повеќе видови интелигенција

За да имате подобро чувство за вашите вештини и способности, често препорачувам да почнете со теоријата за повеќе видови интелигенција.

Првпат претставена во книгата „Рамки на умот“ од 1983 година, Хауард Гарднер, психолог и професор на Универзитетот „Харвард“, вели дека во теоријата постојат осум типа човечка интелигенција - секоја претставува различен начин за тоа како едно лице најдобро ги обработува информациите.

Колку постигнувате во една категорија не мора да влијае врз тоа колку (високо или ниско) постигнувате во друга категорија.

Ако сакате да научите да бидете исклучителни во нешто, најдобро е да ги разберете уникатните области на интелигенција каде што имате предност, а потоа да се потрудите да ги доразвиете тие предности.

На пример, замислете некој што имал тешкотии со пишувањето сè додека не се обидел да создаде графичка приказна, која се претворила во привлечна приказна. Или студент кој не можеше да сфати дропки сè додека не визуализира како се одделуваат јаболката на парчиња.

Подолу се наведени осумте вида интелигенција идентификувани од Гарднер. Како што поминувате низ секоја од нив, постигнувањата обележете ги скала од еден (не доаѓа природно) до пет (доаѓа многу природно).

1. Просторна интелигенција

Способност да се размислува апстрактно и во повеќе димензии. Да постигнете најмногу поени значи дека имате голем капацитет за просторно расудување и концептуализирање - нешто што е потребно за области како што се архитектура, графички дизајн, фотографија, внатрешен дизајн и авијација.

Потенцијални избори во кариерата:

Пилот
Моден дизајнер
Архитект
Хирург
Уметник
Инженер

2. Телесно-кинестетичка интелигенција


Способност да го користите вашето тело на начин што демонстрира физичка и спортска моќ. Ако ја имате оваа вештина, би можеле да бидете спортист без напор да трчате по поле и да додавате топка, или танчерка која беспрекорно извршува комплицирана рутина.

Потенцијални избори во кариерата:

Танчар
Физиотерапевт
Атлетичар
Механичар
Градежен работник
Актер

3. Музичка интелигенција


Чувствто за ритам, тон, мелодија и слично. Тука спаѓа способноста за пеење и/или свирење на музички инструменти. Познати луѓе со музичка интелигенција се Бетовен, Џими Хендрикс и Арета Френклин.

Потенцијални избори во кариерата:

Пејач
Музички диригент
Диџеј
Наставник по музика
Текстописец
Композитор

inteligencija
Фото: Freepik

4. Јазична интелигенција

Понекогаш наречена „јазична интелигенција“, ова вклучува чувствителност на значењето на зборовите, редоследот меѓу зборовите и звукот, ритамот, флексијата и слично. Оние што имаат високи оцени во оваа категорија обично се добри во пишување приказни, меморирање информации и читање.

Потенцијални избори во кариерата:

Поет
Писател
Новинар
Уредник
Адвокат
Професор по англиски јазик

5. Логичко-математичка интелигенција

Способност да се анализираат проблемите логично, да се вршат математички операции и да се истражуваат прашања научно. Луѓето со оваа интелигенција, како што се Алберт Ајнштајн и Бил Гејтс, се вешти во развој на равенки и докази и решавање апстрактни проблеми.

Потенцијални избори во кариерата:

Компјутерски програмер
Математичар
Економист
Сметководител
Научник
Инженер

6. Интерперсонална интелигенција


Способност за ефективна интеракција со другите. Чувствителност на расположението, чувствата, темпераментот и мотивацијата на другите луѓе. Во суштина, овие луѓе се во состојба да ги разберат и да се поврзат со луѓето околу нив.

7. Интраперсонална интелигенција


Чувствителност на сопствените чувства, цели и анксиозност и капацитет за планирање и дејствување во светло на сопствените одлики. Интерперсоналната интелигенција не е посебна за специфичните кариери, туку тоа е цел за секоја индивидуа во сложено модерно општество, каде што треба да се донесат последователни одлуки за себе.

Потенцијални избори во кариерата:

Терапевт
Советник
Психолог
Претприемач
Филозоф
Теоретичар

8. Натуралистичка интелигенција

Способност да се разберат нијансите во природата, вклучувајќи ја и разликата помеѓу растенијата, животните и другите елементи на природата и животот. Познати лица со натуралистичка интелигенција се Чарлс Дарвин и Џејн Гудал.

Потенцијални избори во кариерата:

Геолог
Земјоделец
Ботаничар
Биолог
Конзерватор
Цвеќар

Потенцијални избори во кариерата:

Менаџер на тимот
Преговарач
Политичар
Публицист
Психолог

Разберете ги и потпрете се на вашите силни страни

Ако не можете сами да се процените, прашајте ги најблиските луѓе за нивните забелешки. Или, размислете за работите кон кои гравитиравте во вашата младост. (Обично кога сме деца, се одлучуваме за активности тесно поврзани со нашите вродени способности.)

Имајте на ум дека ова е само брза и едноставна вежба за да ви овозможиме појасно чувство за вашите силни страни. Дали вашите врвни вештини и интереси се усогласуваат со вашата кариера? Ако не е така, како можете да ги користите за да стигнете до местото каде што сакате да бидете?

Кога ќе добиеме подлабоко разбирање за нашите природни таленти, имаме поголеми шанси да откриеме како да ги постигнеме целите и во личниот и во професионалниот живот.

Извор: CNBC.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот