X
 14.04.2018 Живот

Чипови ќе го мерат нивото на алкохол во телото

Американските научници од Универзитетот во Сан Диего измислиле микрочип кој ќе биде вметнат во телото за да се измери нивото на алкохол и на дрога во нашата крв.

Замислено е таквиот тип микрочип во иднина да биде ставан во тела на пациенти што страдаат од зависности.

Најчестите начини за мерење на нивото на алкохол во телото моментално се вршат со уреди или преку тестирање на крвта, но тие бараат соработка од страна на пациентот или стручност на оној што ја зема крвта. Инсталирањето на микрочипот би ги елиминирало овие два недостатока на традиционалните методи.


Фото: Pixabay

Раководителот на проектот, Дру Хал, вели дека се покажало дека чипот работи со алкохол, но не сакаат да запрат тука, туку сакаат целиот концепт да се прошири и да се произведат микрочипови кои ќе мерат и други супстанции, како дрога.

- Крајната цел е да се произведе уред за следење на нивото на дрога и на алкохол за програмата за лекување на зависности - рече Хал.

Иако целта на овој микрочип е медицинска, не е тешко да се замисли дека некој ќе се обиде да ја злоупотреби неговата намена и да го искористи за други цели.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот