X
 14.05.2017 Живот

Зошто денешните момчиња не стануваат мажи?

Кога станува збор за тоа кој е поуспешен во училиште, момчињата читаат помалку од девојчињата, успехот во училиште им е послаб, а само третина од дипломираните со најдобри оцени се момци.

Ова се случува затоа што учењето се чини како нешто недоволно кул и мажествено.
Леонард Сакс е психолог и автор на книгите „Падот на родителството“ и „Изгубени момци“. Тој предупредува дека младите генерации момчиња сѐ помалку се мотивирани да постанат вистински мажи.

Главен проблем се видео игрите

Видео игрите им го оземаат времето на децата кое инаку би го поминале во учење или споење. Сега нивна мотвација е усмерена на тоа да го поминат нивото во играта, наместо во совладување на материјалот за училиште.

Родителите треба да се борат против тоа со забрани. Дури и ако Вие би се покажале како злобни родители многу ќе биде поефикасно отколку да му објаснувате што покажуваат истражувањата. Др. Сакс препорачува да дозволите најмогу 40 минути играње видео игри преку неделата, и еден час за викенд. Исто така забранете ги сите игри со убивање. Детето нека игра во Ваше присуство за да може да ја контролирате ситуацијата.

Барајте одговорност од децата

Доктор Сакс во својата книга „Изгубени деца“ вели дека на децата треба да им се наметне одговорност. Ако од нив не се очекува ништо, тие се немотивирани и се повлекуваат. Кога општетсвото праќа порака дека мажите не се веќе неопходни, многу од нив чувствуваат недостиг на смисла.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот