X
 14.05.2021 Култура

Објавен датумот кога ќе се прикажува специјалната епизода на „Пријатели“

Ја чекаме специјалната епизода на „Пријатели“ уште откако беше најавена. Сега конечно може да си резервираме место пред екранот бидејќи имаме датум. Ејч-би-о објави кратко видео најавувајќи го прикажувањето на специјалната епизода, која ќе биде достапна на 27 мај.

Видеото не открива многу, а на него ги гледаме шесте главни ликови како одат во студиото во кое се снимала серијата. Специјалната епизода била снимена таму.

„Менталфлос“ пишува дека во специјалната епизода ќе видиме и други ликови, меѓу кои и Ричард, Гантер, господин Хеклс, Џенис, едната сестра на Рејчел (која ја игра Рис Витерспун), како и Џек и Џуди Гелер.

Но во епизодата ќе има и ѕвезди кои не биле во серијата, меѓу кои и Дејвид Бекам, Џастин Бибер, БТС, Џејмс Корден, Синди Крафорд, Лејди Гага, Кит Херингтон, Малала Јузафсаи и други. Најавата за специјалната епизода погледнете ја во видеото во продолжение.


Автор: Елен Гутоски
Извор: mentalfloss.com
Фото: Printscreen/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура