X
 14.06.2021 Живот

Животни што биле инспирација за создавање корисни предмети

Новите производи денес претежно се резултат на комбинација од најмодерни технологии и човечка интелигенција. Меѓутоа, за некои производи што ги користиме секој ден, како и некои производи кои своевремено биле врв на науката, инспирацијата била пронајдена во природата.

1. Комарци - за медицински игли

Налето, откако комарците ќе ве искасапат и ќе ви скратат барем три часа сон, веројатно ќе се запрашате зошто постојат и кој во природата има корист од нив. Нема да верувате, но тоа сме ние. Благодарение на способноста на комарците да каснат без да ги почувствувате, денес вакцинирањето ве боли помалку. Јапонски инженери ја реплицирале техниката со помош на која иглата во телото влегува лесно вибрирајќи, со што боли помалку.

2. Лилјаци - за стап за одење за слепи лица

Благодарение на слепите, летачки цицачи, денес постои стап за слепи лица кој вибрира кога ќе се приближи до некој објект. Тој стап се служи со ехолокација, која ја користат и лилјаците, кои биле инспирација за овој производ.

3. Колибри - за хеликоптер

Заедничка карактеристика на хеликоптерот и колибрито е можноста да се одржуваат на едно место во воздухот и без проблем да летаат нанапред, наназад и настрана. Научниците од универзитетите во Стенфорд и во Вагенинген заклучиле дека колку се подолги крилјата на колибрито, толку поедноставно тоа управува со својот лет и подобро ја чува енергијата. Тоа откритие значително ги подобрило перформансите на денешните хеликоптери.

4. Видрите - за костими за нуркање

Дали некогаш сте се запрашале како видрите можат цела зима да ја поминат во ледена вода? За тоа можат да му се заблагодарат на своето крзно, кое е едно од најтоплите. Тоа ги поттикнало научниците од МИТ да направат костими за нуркање со мал гумен слој на крзно кој го задржува топлиот воздух.

5. Мравки и пајаци - метал кој не тоне

Пајаците и мравките лебдат на површината на водата така што прават меури со воздух под себе. Инженерите го зеле тоа како пример и направиле вид метал кој фаќа меури со воздух со што без преголема мака останува на површината на водата.

Извор: Klik.hr
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот