X
 14.07.2015 Живот

Професии за сите оние кои имаат авантуристички дух и сакаат да патуваат

„Изберете ја професијата која ја сакате и повеќе никогаш во животот нема да мора да работите“ - вели поговорката. Доколку го сакате она што го работите, ќе сакате да одите на работа секој ден.
 
Следејќи ја вашата страст ќе ја елиминирате онаа понеделничка мрзеливост. Но, што ако сакате да патувате и не можете да се пронајдете во нитуедна канцелариска работа? Не се грижете. Ви нудиме неколку професии и за вас истражувачите.

1. Стујардеса - Не може да биде полесно од ова. Ќе патувате низ целиот свет и тоа со многу луксуз. Професијата не бара никакво стручно образование. Добивате предност ако имате диплома во туризам; единствениот услов кој мора да го исполнувате е да знаете англиски јазик. Доколку не ви пречи да работите долго работно време и доколку сте добри со справување со луѓе, ова е едно од најдобрите работни места за љубителите на патувањето.

2. Фотограф - Имате повеќе од една страст? Патувањето и фотографијата одат едно со друго. Доколку сакате да патувате и имате талент за фотографирање, тогаш лесно можете да започнете да заработувате користејќи ги двете. На тој начин ќе имате можност да посетите нови локации секој пат кога ќе сретнете нови луѓе. Откако ќе станете реномиран фотограф, ќе започнете да добивате задачи во странство и на тој начин ќе бидете во можност да посетите многу места.

3. Туристички водич - Повеќето луѓе не ни размислуваат да бидат туристички водич и воопшто не ја земаат во предвид оваа опција. Како туристички водич ќе мора да постојано да имате информации за историјата и новите работи на местото кадешто ќе работите. Ќе можете да работите во музеи, градски тури и нешто слично. Можно е да можете да ги менувате градовите, што е одлична можност за патување и учење на нови работи.

4. Патеписец - Доколку имате душа на патник и сакате да ги споделувате вашите искуства со оние околу вас, нема подобра професија за вас од патеписец. За да се впуштите во оваа професија треба да имате талент за пишаниот збор, меѓутоа не е тешко да навлезете во полето на писателите, особено сега, кога блогирањето ги поврзува луѓето.

5. Наставник по англиски јазик - Да, токму така. Сите мислат дека наставниците се одлучиле за мирна криера, меѓутоа голем дел од нив не сфаќаат дека оваа професија има потенцијал да ги однесе насекаде низ светот. Англискиот јазик се учи како втор јазик скоро во секоја земја во светот, а Европа е одлична дестинација за наставниците по англиски кои бараат работа.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот