X
 14.07.2016 Образование

Корисни алатки и совети кои треба да ги знаете за дигиталниот маркетинг

Во светот на дигиталниот маркетинг, мерењето на успешноста на кампањите може да ви помогне да разберете кои стратегии функционираат најдобро, како да ги оптимизирате конкретните кампањи и лесно и брзо да ги остварите вашите бизнис цели.

Во моментот постојат многу алатки кои маркетинг специјалистите ги користат за да ја измерат успешноста на своите дигитални кампањи, но преку нив може да се добијат премногу податоци или тие можат и да не бидат релевантни за вашиот бизнис. Затоа најважно е при започнувањето на една маркетинг кампања да се постават вистинските мерни единици и KPIs за на крај да добиете релеватни резултати кои ќе му помогнат на вашиот бизнис.

Маркетерите во денешно време се фокусираат на т.н “vanity” metrics и губат време анализирајќи податоци кои реално нема да им помогнат при реализацијата на нивните бизнис цели, како на пример: зголемување на продажбите. Такви мерни единици се: Facebook лајкови или YouTube views, кои се супер да се земаат во предвид, но не се многу значајни кога сакаме да оствариме некоја конкретна бизнис цел, како што е монетаризација на производ и истите тие да ги претвориме во пари.

1. Генерирање на сообраќај на вашиот веб сајт

Овие мерни единици имаат за цел да го измерат и следат сообраќајот на вашиот веб сајт и претставуваат важен дел при користење на техники како што се SEO оптимизација и Pay-per-Click.

Overall Site Traffic

Секојдневните промени во сообраќајот на вашиот веб сајт можат да ви дадат важна информација која ќе ви покаже дали конкретната маркетинг техника која ја користите е ефикасна или не. Кога го следите и мерите сообраќајот на вашиот веб сајт немојте да се фокусирате само на вкупниот број на “посети на страници”, а следете го бројот на уникатни посети во рамките на една недела или месец. Колку поуникатни посетители имате, толку поголеми ви се шансите тие луѓе да станат ваши корисници.

Traffic Sources (извори)

Доколку ги знаете изворите од каде ви доаѓаат посетители на вашиот сајт, како и кои клучни зборови ги донеле кај вас, полесно ќе можете да ја оптимизирате вашата дигитална кампања и ќе знаете каде точно треба да се фокусирате за да добиете ефикасни резултати.

Mobile Traffic (мобилен сообраќај)

Мобилниот интернет ни дава можност да бидеме со нашите корисници во секое време од денот. Токму затоа дигиталните маркетинг специјалисти треба да обрнат повеќе внимание на тој тип на сообраќај затоа што така се кријат големи и различни видови на извори за продажба. Ова мерило исто така дава слика за тоа како бизнисите ја имаат подредено и структурирано својата содржина, давајќи информација за тоа дали таа е поефикасна за веб посетители отколку за мобилни посетители.

Click Through Rate (CTR)

Pay-Per-Click (PPC) кампањите претставуваат извори на точно таргетирана публика и можат да бидат измерени со пресметување на бројот на кликови на рекламата поделено со бројот на импресии на истата. Секогаш кога една реклама ќе биде видена, CTR покажува колку истата била кликната, овозможувајќи ни полесно да ги оптимизираме рекламите и да достигнеме до поголем број на кликови за помалку пари.


Cost Per Click (CPC)

Cost Per Click (CPC) покажува колку пари имаме потрошено за еден клик во рамките на една реклама. Оваа бројка може да биде различна во зависност од популарноста на клучните зборови или фрази, Quality Score, како и од Click Through Rates (CTR).

2. Како да ги измериме конверзиите?

Главната цел на дигиталните маркетинг кампањи е конвертирање на посети на веб сајтот во потенцијални клиенти кои ќе генерираат продажби или друг вид да резултат. Еве неколку важни метрики кои ќе ви помогнат да ги следите вашите конверзии:

Conversion Rate (CVR)

Следењето на бројот на посетители на вашиот веб сајт кои станале ваши клиенти и го направиле последниот чекор потребен за достигнување на целта на вашиот бизнис е основна мерна единица во рамките на една дигитална маркетинг кампања. Тоа може да го следите преку Conversion Rate (CVR) и да ја видите реалната бројка на конверзии.


Cost Per Lead (CPL)

Како што веќе знаеме, прва цел ни е да достигнеме до број на посети на нашиот веб сајт, па после истите тие да ги претвориме во потенцијални корисници или leads, кои нашиот тим за продажби ќе ги претвори во вистински потрошувачи или корисници. Но исто како што ја мериме цената на клик на нашиот веб сајт, потребно е да ја знаеме и цената на секој потенцијален корисник или lead. Cost Per Lead (CPL) е мерна единица, која ни дава претстава колку од посетите на нашиот сајт станале потенцијални корисници и колку сме потрошиле да достигнеме до истите. На тој начин маркетинг специјалистите имаат претстава колку дадена маркетинг кампања може да придонесе да остварување на профит. Овој тип на мерна единица може да го следите во рамките на Google Analytics доколку ја активирате функцијата Ecommerce.

Bounce Rate

Не сите кои доаѓаат на нашиот веб сајт остануваат многу долго. Поголем број од посетителите си заминуваат исто толку брзо колку што дошле. Токму затоа оваа мерна единица ни покажува колку од посетителите си заминале и доколку тоа го комбинираме со други метрики, може да видиме зошто тие си заминале и како да го спречиме нивното заминување во иднина.


Average Page Views per Visit (Просечна бројка на посети на конкретна страница во рамките на една посета)

Веќе знаеме дека основна цел е да донесеме посети на нашиот сајт. Но друга важна цел е и да ги задржиме и да дознаеме кој тип на содржина им бил најинтересен и ги натерал да останат подолго, па и да направат некаков вид на активност. Токму затоа овој тип на мерна единица е важен, затоа што ни покажува кои страници на нашиот веб сајт овозможуваат создавање на активност од страна на посетителите и да помогне во остварување на конкретната бизнис цел на маркетинг кампањата.

Average Page Views per Visit (Просечна бројка на посети на конкретна страница во рамките на една посета)

Веќе знаеме дека основна цел е да донесеме посети на нашиот сајт. Но друга важна цел е и да ги задржиме и да дознаеме кој тип на содржина им бил најинтересен и ги натерал да останат подолго, па и да направат некаков вид на активност. Токму затоа овој тип на мерна единица е важен, затоа што ни покажува кои страници на нашиот веб сајт овозможуваат создавање на активност од страна на посетителите и да помогне во остварување на конкретната бизнис цел на маркетинг кампањата.


Rate of Return Visitors (број на посетители кои се враќаат на вашиот веб сајт)

Бројот на посетители кои редовно го посетуваат нашиот веб сајт може да ни даде претстава колку тој е популарен и интересен за нашата публика. Знаејќи го бројот на посетители кои се враќаат и ги следат содржините на сајтот редовно, ќе ни овозможи лесно и брзо да ја прилагодуваме содржината и да зголемиме бројот на конверзии за нашиот бизнис.

3. Како да го измерите профитот?

На крајот на краиштата, успехот на една дигитална маркетинг кампања најдобро може да се мери со следење на приходите на бизнисот. Тоа ќе ни каже дали одредена кампања е профитабилна или не за да може да се направи оптимизација и да се подобри содржината која ќе придонесе до подобар ангажман, повисока реализација и поголеми приходи.

Return On Investment (ROI)

ROI претставува мерна единица која во потполност може да се мери преку следење на сообраќајот на веб сајтот, кој на крајот се претвора во нови корисници или продажби. Овој параметар исто така, ќе помогне да се идентификуваат областите каде конкретната маркетинг кампања генерира продажби и со тоа да се даде простор за подобрување на местата каде е потребно.

Cost to Acquire a Customer (CAC) (Цена на еден нов потрошувач)


Рентабилност се мери со бројот на нови клиенти кои плаќаат за одреден временски период. Тоа се мери со пресметување на трошоците за стекнување на нови клиенти, поделени со бројот на нови клиенти кои плаќаат во текот на истиот период. Понекогаш овие пресметки може да не бидат многу совршени, но CAC може да ви даде добар увид за тоа како изгледа вашата ефикасна и успешна кампања.

4. Алатки со кои можете да ја мерите ефикасноста на вашата дигитална маркетинг стратегија

Во моментов постојат премногу алатки (бесплатни и прескапи) кои можат да ви помогнат во следењето на ефикасноста на вашиоте маркетинг стратегии. Еве некои од нив:

Silverpop - сеопфатна платформа за маркетинг автоматизација, која овозможува лесно создавање на маркетинг кампањи

HubSpot


Претставува комплексна алатка која ќе ви даде можност да го следите секој аспект од вашата дигитална маркетинг кампања.

Google Analytics


Google Analytics е една од најпознатите алатки кои ќе ви помогнат да го следите целиот процес низ кој поминуваат вашите корисници, од посетители до реални потрошувачи.

HootSuite


HootSuite претставува сеопфатна платформа за управување на содржината во социјалните медиуми и дава преглед на сите активности на една кампања во рамките на истите.

Детална листа со над 50 алатки за мерење на ефикасноста на вашата маркетинг кампања.

Доколку оваа маркетинг лекција беше корисна за вас, Ви предлагам да се регистрирате на бесплатниот 30 дневен курс и да добивате лекции директно во Вашето емаил сандаче.


Овој текст е дел од Дигитален Маркетинг 101 серијата. Регистрирајте се за целата серија и добивајте бесплатни маркетинг лекции директно на Вашиот email!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование