X
 14.07.2018 Наука

Глувците ги загрозуваат коралните гребени

Глушецот не е суштество што би го поврзале со коралните гребени, но научниците тврдат дека овие животни директно ги загрозуваат овие екосистеми.

Тимот што работи на архипелагот Чагос во Индискиот Океан откри дека инвазивните стаорци на островите се голем проблем за коралните гребени.

Глувците ја уништуваат популацијата на морски птици, со што се намалува износот на измет од птици - кој е природно ѓубриво за коралите. Островите Чагос се природна лабораторија од големи размери. Архипелагот е ненаселен, но некои острови станаа дом на стаорци кои до брегот на Чагос дошле на остатоци од бродови.

Професорот Ник Грејем од Универзитетот во Ланкастер објасни дека островите без стаорци се бучни, полни со птици и препознатливи по својот карактеристичен мирис на измет од морски птици.

- Ако стапнете на остров каде што има стаорци, речиси воопшто нема морски птици - вели тој.

Овие инвазивни стаорци ги убиваат островските птици и на тој начин го нарушуваат здравиот екосистем околу островот, се вели во студијата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука