X
 14.07.2020 Образование

ВИДЕО - Големо признание е кога студентите ќе кажат дека сте им омилен професор, вели професорката Светлана Вељановска

Минатиот месец Факултети.мк направи онлајн-анкета во која ги запрашавме студентите кој наставник заслужува пофалба за неговиот труд што го вложил во организирањето на онлајн-наставата.

Меѓу оние за кои студентите испратија најмногу пофалби се најде и професорката Светлана Вељановска од Правниот факултет во Битола.

- Применува најлесен, најсовремен пристап на учење на материјата, со што ни олеснува да учиме од самото предавање - пишуваа студентите за неа.

Сега ние ја прашавме неа што има да им каже на студентите. Вели дека е големо признание кога ќе се добијат пофалби од студентите, особено во период кога нема директен контакт. Таа им се заблагодари на студентите и оптимистички истакна дека ги очекува на први октомври.

Погледнете ја целата нејзина порака:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование