X
 14.07.2021 Забава

Совети за жените од 1930 година: Жената не треба да се омажи за глупав маж

Во 1930 година, професор Герлинг објавил книга со непроценливи и многу корисни совети за жените, а тие се базирале на најновите психолошки откритија од тоа време.

Според професорот Герлинг, жената не треба да се омажи за маж:

1. Кој е сигурен дека сè што прави го прави совршено.

2. Кој не може да помине покрај огледало без да му се восхитува на својот одраз.

3. Кој често ги менува партнерките.

4. Жената не треба да се омажи за човек кој гризе нокти или постојано му се валкани. Исто така, жената не треба да се омажи за човек кој не се грижи за хигиената.

5. Жената не треба да се омажи за глупав маж.

stil
Фото: Wikipedia

6. Жената треба да се омажи за маж кој ќе ѝ обезбеди пристоен живот, како и за нивните деца.

7. Жената треба да се омажи за маж кој ќе ѝ купува подароци, ќе ја носи на театар и на одмор онаму каде што таа сака.

8. Жената треба да се омажи за човек кој ќе се грижи за нејзината среќа затоа што нејзиното расположение и здравје се основа за благосостојбата во семејниот живот.

9. Жената треба да биде внимателна со маж кој е син единец. Обично таквите мажи се многу разгалени и често зависат од нивната мајка.

10. Жената не треба да се омажи за маж кој е 12 години постар од неа или ако таа е 12 години постара од него.

11. Жените треба да бидат особено внимателни кога стапуваат во брак со познати и големи луѓе, како сликари, уметници, научници, музичари или доктори. Таквите мажи се често нервозни и целосно посветени на работата.

Извор: Women Tipser
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава