X
 14.08.2018 Наша тема

На кои приватни факултети во Македонија можете да учите современи технологии, финансии, психологија?



Сакате да студирате психологија, правен факултет, факултет за јазици, бизнис и економија, и тоа на некој од приватните универзитети што работат во Македонија. Во иднината не можеме да гледаме јасно, ама желбите и преференциите се тие што нѐ водат кон нашето реализирање како личности.
Факултети.мк ви предлага неколку приватни факултети на кои можете да се образовате.

Учете психологија на Меѓународен славјански универзитет – Свети Николе и Битола

Факултетот за психологија е еден од најатрактивните факултети на Славјанскиот универзитет. Има повеќе причини зошто е тоа така, но најглавни се: тимот на наставници предводен од деканот Диaна Белевска, општата пријателска и колегијална клима која успевaат да ја направат помеѓу сите фактори во наставниот процес, преносот на знаења и искуства, соработката и емпатичноста во самите групи. Важни се и честите гостувања на студентите во институциите низ нашата држава и одржувањето на дел од наставата „на терен“, задолжителната практична настава и многубројните проектни активности и ангажмани на студентите во и надвор од факултетот под менторство на своите професори. Тоа како една целина прави секоја година идните матуранти да бараат место повеќе и во Битола и во Свети Николе, бидејќи квотите за упис на Факултетот за психологија се пополнуваат во првиот уписен рок.


Славјански универзитет

Исто така, голем интерес постои и за Факултетот за безбедносно инженерство, кој е единствен факултет од овој тип во Македонија. Голем дел од студентите на овој факултет веќе работат во домашни и странски компании, а поради големата потреба од професионалци во оваа област, многу од компаниите ги упатуваат нивните вработени да студираат токму овде и со тоа да се стекнат со стручни познавања од оваа област.

Наставниот процес се реализира со наставници предводени од деканката Цветанка Митревска, методичари, кои знаат како им да ја пренесат својата стручност на младите студенти, истовремено мотивирајќи ги да се вклучат активно во предвидените активности.
Теоретскиот дел е во совршен баланс со практичната работа која се одвива во најголемите индустриски капацитети во Македонија, а во рамките на Славјанскиот универзитет постои и Биро за безбедност и здравје при работа, кое професионално опслужува клиенти од земјата, што е одлична база за студентите уште подлабоко да навлезат во материјата што ја студираат.

Со Факултетот за современи науки и технологии при Универзитетот на Југоисточна Европа полесно до вработување

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) од Тетово и од Скопје e поим за модерното високо образование во Македонија. Во новата академска година се очекува да се запишат приближно 1.300 студенти, бројка одредена во согласност со меѓународните стандарди, според соодносот студенти и академски кадар.
Конкурсот ќе се реализира преку факултетите на УЈИЕ, и тоа според нивната атрактивност: Факултет за бизнис и економија, Факултет за современи науки и технологии, Факултет за општествени современи науки, Правен факултет и Факултет за јазици, култури и комуникација.

Универзитет на Југоисточна Европа

Комбинацијата на теорија и практична работа ви овозможува да ги стекнете потребните вештини со кои ќе може да се справувате при вашата следна работа. Интегрираниот модел на студии што се нуди на Универзитетот, на Факултетот за современи науки и технологии, овозможува директен пристап на пазарот на трудот, каде што 50% од студиите се изведуваат во компанијата, додека 50% од теоретскиот дел преку предавања на Универзитетот.
Студиските програми се дизајнирани во согласност со барањата на локалниот, регионалниот и на меѓународниот пазар на трудот. Во соработка со меѓународни универзитети, наставните план-програми постојано се развиваат и се приспособуваат за да ја донесат најдобрата експертиза што ќе ги задоволи барањата на брзиот развој на информатичката технологија.
Важна е и постојаната поддршка што ќе се обезбеди во текот на вашата практична работа од Центарот за кариера, со која се осигурува полесен пристап до институциите и до компаниите. Центарот за кариера ги поддржува студентите и по завршувањето на студиите и обезбедува информации за различни понуди на пазарот на трудот.

Факултет за бизнис-економија

Изберете го модулот Финансии на Факултетот за бизнис-економија - Скопје

Факултетот за бизнис-економија (ФБЕ) е првата приватна образовна институција што нуди акредитирани четиригодишни студии (240 ЕКТС) во областа на економијата.
Особено атрактивен е модулот Финансии, каде што студентот ќе стекне теоретско и практично знаење за основните принципи на финансискиот систем. Ќе поседува знаење за менаџирање со финансиските ресурси во деловните субјекти, ќе ги разбира современите концепти на банкарскиот систем, ќе стекне способност за анализа на финансискиот систем и процена на поширокото финансиско опкружување. Исто така, студентот ќе биде способен да ги анализира, споредува и проценува најважните видови финансиски и банкарски работи и методите за управување со средствата, ликвидноста, обврските, капиталот на банките.

За време на студирањето на ФБЕ студентите во модулот Финансии имаат практични вежби, како создавање и водење своја виртуелна компанија преку модулот IBC развиен во соработка со Универзитетот од Ајдахо или учество во проектот COOL  (Collaborative Online Learning) заедно со State University of New York и University of Ljubljana - Faculty of Administration. Пракса и понатамошно вработување е возможно во партнерите на ФБЕ.




Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема