X
 14.08.2018 Култура

Трансформација на една држава: од мултикултурност до гетоизација



Карактеристика за данскиот идентитет некогаш беше толеранцијата кон другите и различните, но сликата за денешна Данска е прилично изменета.

Со порастот на влијанието на десните националисти, како популистичката Данска народна партија, која на последните парламентарни избори според бројот на освоените гласови стана втора партија по големина во државата, официјалната политика во Данска станува нешто што порано било незамисливо, пишува „Гардијан“.


Табла со грб: Кралство Данска
(Фото: Pixabay)


Имено, Данска стана единствената држава во западниот свет која и официјално воведе „гето“, односно подрачје чии жители живеат под поинакви правила во споредба со другите во државата. А во „гетото“ живеат имигранти.

Правило што важи само во „гетото“ предвидува обврска децата од својата прва година да мора да поминуваат најмалку 25 часа неделно во државна градинка каде што се зборува на дански јазик, а се подготвува и закон според кој се предвидуваат дополнителни затворски казни за жителите на гетото доколку бидат осудени за злосторство, како и построги закони кои ќе важат во „гетото“.

Се предлага и воведување на полициски час за децата што живеат таму, кој би се спроведувал со поставување алка на зглобовите.

Данската влада истакнува дека главна цел на нацртот на новата законска регулатива е заштита на данското општество и данските вредности и наведува дека „подрачјата на гетата“ се јасно дефинирани според низа одредници – приходи, невработеност, стапка на криминалитет, степен на образование, семејни стебла...

Мартин Хериксен од ДПП е прилично искрен кога зборува за поддршката на политиката на гетоизација на Данска. Тој вели дека ниту една муслиманка што носи шамија на главата не ја смета за Данка, без оглед на местото на живеење, јазикот или приврзаноста кон данските вредности. „Прво би требало да ги соблечат шамиите“, вели овој политичар, кој е еден од оние функционери што ја протуркаа актуелната забрана на никабот, марамата што го прекрива целото лице.

Неговиот следен план е да се ограничи и носењето хиџаб, марамата која ја прекрива целата глава.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура