X
 14.08.2021 Живот

Луѓето би сакале да живеат до одредена возраст, но не вечно

Се чини дека потрагата по бесмртноста е најстара тема за која се пишувало. Но дали луѓето навистина се опседнати да најдат начин за да живеат вечно? Се чини дека тоа не е така, според ново истражување спроведено во Норвешка.

Во истражувањето испитаниците биле прашани колку долго би сакале да живеат. Просечниот одговор е 91 година. Претходни истражувања на истата тема покажале дека Американците би сакале да живеат просечно 93 години, а Германците 85.

Во новото истражување учествувале вкупно 825 Норвежани на возраст над 60 години. Во земјата во моментов очекуваниот животен век изнесува 86 години. Од испитаниците, постарите лица дале малку повисоки одговори отколку помладите.


Фото: Pixabay

Истражувачите ги прашале испитаниците и колку би сакале да живеат доколку имаат одредена тешка состојба, како деменција, хронична болка, осаменост, сиромаштија или доколку стануваат пречка во општеството. На ова прашање одговорите се смениле.

Речиси 90 отсто од учесниците изјавиле дека по дијагнозата на деменција би ја намалиле возраста до која би сакале да живеат. Повеќе од половина од испитаниците го изјавиле истото за животот со хронична болка, станувањето пречка во општеството, живот во сиромаштија, осаменост и смрт на животен партнер.

Додека претходни истражувања покажале дека најчесто мажите сакаат да живеат подолго од жените, во ова истражување немало големи разлики меѓу половите.

Извор: Big Think
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот