X
 14.09.2017 Технологија

Постојат 4 типа „фејсбуковци“

Секој ги користи социјалните мрежи на различен начин. Некои постојано споделуваат информации, а други се само набљудувачи. Со нова студија направена е класификација на различните начини на кои луѓето се однесуваат на интернет и издвоени се четири типа луѓе.

Во студијата соработувале 4 професори по комуникација, а на учесниците им биле презентирани 48 тврдења за причините поради кои се користи социјалната мрежа „Фејсбук“. Четирите дистинктивни типа што произлегле имале свои мотивации и методи за користење на социјалната платформа.

1. Градители на врски

Тетката што секогаш се потпишува на коментарите: „Со љубов, тета...“ Ваквиот тип „фејсбуковци“ секогаш објавуваат многу на социјалната мрежа со цел да ги зацврстат врските со луѓето што ги знаат во реалниот свет, особено со членовите на семејството.

2. Градски злосторници

Пријателот што споделува свежи политички контроверзии или шпекулации за познати личности. Овој тип не зборува за себе премногу, туку преферира да се вклучи во надворешниот свет и на тоа да ги натера и своите пријатели.

3. Селфи

Тоа се лицата што постојано ви кажуваат за себе. Објавуваат многу фотографии, видеа, статуси и постојано проверуваат колку лајкови и коментари добиле.

4. Прозорски купувачи

Ова се „фејсбуковци“ кои постојано поминуваат време на платформата, но речиси никогаш немаат објави. Во некои кругови ова се нарекува „демнење“.

Фејсбук“ е многу попопуларна платформа од другите социјални мрежи, а компанијата често ги присвојува додатоците од своите конкуренти. „Инстаграм“ е местото каде што се споделуваат фотографии, па очекувано е да биде и место каде што има најмногу селфи-фотографии. „Снепчет“, пак, доминира кога станува збор за себедокументирање и забава.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија