X
 14.09.2018 Култура

За фановите на „Твин Пикс“: По една секунда од секоја епизода

Ако сте ја гледале серијата „Твин Пикс“, тогаш сигурно се сеќавате дека има доста одлични моменти: некои поради емоционалното влијание, некои поради естетското влијание, некои поради тоа што не сте имале идеја за што станува збор. Но, и покрај неразбирливоста што серијата ја предизвикува кај гледачите,  полека ги привлече во својата реалност: реалноста на малиот град кога ќе открие дека е убиена младата Лора Палмер, како и доаѓањето на специјалниот агент на ФБИ, Дејл Купер, за да ја истражува нејзината смрт.

Дејвид Линч и Марк Фрост го испланирале тоа на таков начин: луѓето што ја следеа серијата да останат со неа дури и откако ќе се најде убиецот на Лора.

На видеото во продолжение имате можност да погледнете една секунда од сите епизоди на серијата - 30 епизоди од првите две сезони, плус 18 епизоди од „Твин Пикс: Враќањето“ што се емитуваше минатата година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура